1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундестаг за Европа

22 март 2007
https://p.dw.com/p/AgLZ

Европа мора да најде свои одговори на проблемите на глобализацијата,истакна германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер на денешната седница на Бундестагот по повод 50 годишнината од потпишувањето на Римските договори.Лајтмотивот на јубилејниот самит на ЕУ в недела во Берлин ќе биде- „Европа ќе успее заеднички“.Целта мора да биде европските граѓани самите да ги почувствуваат предностите на европското единство,како неодамна кај заштитата на климата,рече Штајнмаер.

Се очекува шефовите на држави или на влади на ЕУ в недела да усвојат т.н Берлинска декларација во која ќе бидат утврдени вредностите и целите на Унијата.