1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бунтовници без поддршка

Џенифер Франчек/ Александра Трајковска 6 јануари 2014

Борците на „ИСИЛ“ милициите, блиски до Ал Каеда запоседнаа делови од ирачкиот град Фалуџа. Се чини дека тие зајакнуваат и во други региони на земјата. Поддршка од населението меѓутоа немаат.

https://p.dw.com/p/1Algk
Фотографија: picture-alliance/dpa

Екстремистите ја презедоа контролата врз еден голем град во Ирак: Стотици вооружени лица со црните знамиња на џихадистите се собраа во центарот на Фалуџа и прогласија „исламска држава“. Потоа дојде до насилни судири во овој град и во главниот град на провинцијата Рамади. Фалуџа, уште во времето на окупацијата од страна на САД во 2003 година беше седиште на бунтовниците и место каде се одвиваа тешки борби.

Борците кои ги држат Фалуџа и Рамади во опсада, доаѓаат од групата „Исламска држава во Ирак и Левант“ („ИСИЛ“), блиска до Ал Каеда. Името одразува и дека овие милиции тежнеат да ја преземат власт во целиот регион - вклучително и Либан и Палестинските области. Групата е формирана во 2006 и 2007 година, во фазата на најголемиот отпор против окупацијата на Ирак од САД. Таа тогаш беше потисната со соработката на американските трупи со сунитските старешини на племињата и бидејќи ја отфрлаше мнозинството население.

Политиката на Ал Малики ги зајакнува џихадистите

Во изминатите години групата „Исламска држава во Ирак и Левант“ доби повторно на сила како во Ирак така и во Сирија. Во сириската граѓанска војна таа зајакна пред сѐ поради слабеењето на умерената бунтовничка група „Слободна сириска армија“, која извесен период беше поддржувана од САД. Во Ирак непомирливиот курс на премиерот Нури ал Малики придонесе во голема мера за стаблизација на гурпата „Исламска држава во Ирак и Левант“, смета политикологот Јохен Хиплер од Институтот за развој и мир при универзитетот Дуизбург-Есен во разговор за ДВ. Авторитарната политика на Ал Малики, неговата дискриминација на сунитите во земјата и насилниот однос кон демонстрантите придонеле за групите џихадисти, севкупно повторно подобро да се позиционираат.

Irak Anschläge Nuri al-Maliki 2011
Ирачкиот премиер Нури Ал МаликиФотографија: Getty Images

Голема поддршка меѓу населението групата „Исламска држава во Ирак и Левант“ очигледно нема. „Бруталноста со која ја оддржува својата регионална власт е злогласна“, вели Хиплер. Сепак: „Во меѓувреме во двете земји има релевантни региони, во кои милциите на 'Исламска држава во Ирак и Левант' се најсилната воена сила. Борците се добро обучени, добро вооружени, многу мотивирани и добро организирани“. Опсадата на Фалуџа е само еден пример. „Во Сирија, пред сѐ во Алепо и делови на источна Сирија тие се важен воен фактор“.

Групата „Исламска држава во Ирак и Левант“ на почетокот на 2013 години значително се прошири на западот на Ирак и на северот на Сирија и таму сѐ повеќе се етаблираше, вели раководителот на Центарот за истражување на арапскиот свет при универзитетот Мајнц, Гинтер Мајер. Милициите се бореа не само со владините трупи, туку и со опозициони групи, кои не го одобруваат бруталниот однос на „Исламската држава во Ирак и Левант“. Пред сѐ на сириска територија овие милиции во последните денови претрпеа големи загуби, вели Мајер. Тој претпоставува дека освојувачкиот поход на групата со ова е стопиран.

Окупацијата на Фалуџа и Рамади според Мајер е краткорочна иницијатива на групата „Исламска држава во Ирак и Левант“. Веста за формирање Божја држава во Фалуџа не смее да биде преценета. „Онаму каде 'Исламската држава во Ирак и Левант' ја презема контролата, прогласува Емират со локален емир, кој таму има врховна воена команда. Но тоа на крајот нема големо знечење“.

Дали Ал-Каеда ќе може да се пробие?

Натмошниот тек на конфликтот зависи од политиката на Ал Малики и од однесувањето на борците на групата „Исламска држава во Ирак и Левант“, вели политикологот Хиплер. „Доколку го прекинат нивното брутално однесување и политички се трансформираат, така што тие да станат веродостоен израз на сунитското незадоволство со владата“, тогаш милициите „Исламска држава во Ирак и Левант“ навистина би можеле да бидат опасни за владата, вели Хиплер.

Günter Meyer, Leiter des Zentrums für Forschung zur arabischen Welt an der Johannes-Gutenberg-Universität Mainz
Гинтер Мајер, раководител на Центарот за истражување на арапскиот свер на универзитетот во МајнцФотографија: Privat

Мајер пред сѐ го интересира следново прашање: Дали шиитскиот премиер со сунитските племенски старешини ќе преземе заеднички мерки против Ал Каеда или и натаму ќе опстојува на цврст курс? „Во контекст на претстојните избори би можел да си замислам дека ќе покаже одредена попустливост, и дека режимот во Багдад и сунитските племенски старешини заедно ќе преземат мерки против борците на Ал Каеда - со поддршка на САД.“ Доколку Ал Малики ја промени својата политика кон сунитските племенски старешини „тогаш за борците на Ал Каеда во Ирак ќе дојдат многу тешки времиња“.