1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бунт во австралиски камп за азиланти

БГ/миа18 февруари 2014

Најмалку едно лице загина во бунтот на барателите на азил на остров во Папуа Нова Гвинеја. Азилантите бараат од австралиските власти да им дозволат влез во земјата.

https://p.dw.com/p/1BAkH
Фотографија: picture-alliance/dpa

Едно лице загина, а најмалку 77 се повредени во бунт во центар во Папуа Нова Гвинеја за задржување на баратели на азил во Австралија, соопшти австралискиот министер за имиграција и безбедност на границите, Скот Морисон.

Судирите избувнале откако баратели на азил успеале да пробијат пат надвор од кампот, сместен на мал остров. Еден се наоѓа во критична состојба со повреди на главата, а друг е со прострелна рана. Ова е втор бунт во центарот на Папуа Нова Гвинеја, сиромашна држава во Океанија, за задржување на баратели на азил во Австралија оваа недела. Ваквите кампови во странство се дел од тврдата имиграциска политика на австралискиот премиер Тони Абот, што веќе наиде на критики за кршење на човековите права.

Екстремната политика на Австралија кон барателите на азил, вклучително разгледувањето на нивните случаи во центри за задржување на острови во Тихиот Океaн и строгата забрана за примање на луѓе, што пристигнале со бродови до австралиското крајбрежје, беше остро критикувана од ОН и други организации како незаконска и крајно нехумана.