1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бунт на Сунитите и Шиитите

8 април 2004

“Коалицијата во Ирак нема да дозволи талибанизација на земјата, односно герилска војна според примерот на Талибанците во Авганистан“

https://p.dw.com/p/AcOC
Сунитски борци во Фалуџа
Сунитски борци во ФалуџаФотографија: AP

Степенот на отпорот во Ирак се префрли и врз јапонските и јужнокорејските трупи стационирани таму. Корејанците, вкупно 460 војници, веќе не смеат да ја напуштат својата база. Јапонските трупи уште во почетокот на неделава се повлекоа во својот камп и привремено ги запреа работите врз помошта и изградбата. Во централен и јужен Ирак се водеа борби меѓу милицијата на радикалниот шиитски шеик Муктада ел Садр и силите на коалицијата. Според СиЕнЕн во местото Кербала се водени борби со полските едниници. Во Наџаф и Кут приврзениците на Садр ги контролираат центрите на овие места, но и еден кварт во Багдад.

Фалуџа, еден од центрите на сунитискиот отпор против окупационите сили, е херметички затворена, соопшти генерал Марк Кимит во Багдад како да станува збор за вест за успех. Но, во внатрешноста на градот веќе неколку дена се водат тешки борби. Кимит на екстремистите во земјата им најави прецизни удари. Малку подоцна се дозна зошто Фалуџа стана место на досега најкрвавите судири: таму загинале скоро 40 Ирачани при хеликоптерски напад на американската армија врз една џамија. Целта била да се убијат бунтовниците кои се засолниле таму. Според непотврдени вести, не била бомбардирана внатрешноста на џамијата, туку нејзините ѕидини. Од таа џамија е повикано на света војна. Од почетокот на офанзивата на окупационите сили против сунитските бунтовници од понеделникот само во Фалуџа загинаа најмалку 80 Ирачани, додека американските војници ја претресуваат секоја куќа. Како Фалуџа, така и вториот град Рамади е целосно опколен по жестокиот отпор на Сунитите. Во другите ирачки градови како Багдад и во Јужен Ирак трупите војуваат против таканаречената Мехди армија на радикалниот шиитски проповедник Моктада ел Садр. Американската армија има намера да ја уништи оваа милиција. Генерал Кимит најави порецизни и жестоки удари:

. Ел Садр, по кого е издаден налог за апсење има намера да се задржи во светиот шиитски град Наџаф кој е под контрола на неговите приврзеници. Садр во меѓувреме, ги одби барањата на водечките претставници на исламските партии да ги запре борбите. Во Наџаф за викендот се очекуваат стотици илјади аџии. Генерал Кимит најави дека ќе биде направено се што е потребно да се сочуваат безбедноста и редот, дополнувајќи – колку што е можно повеќе да не се вознемируваат аџиите за време на религиозниот празник.