1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бура во Северното море

9 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C5qC

Во Северното море се заканува една од најголемите бури во последните 20 години. Холандското пристаниште Ротердам, најголемо во Европа беше затворено. Британската влада издаде предупредување за невремето за делови од Шкотска и англискиот јужен брег. Пред брегот на Норвешка од безбедносни причини затворени се неколку нафтени платформи. Издадено е предупредување и за Германија, на чиј брег денеска се очекувааат бранови со висина од 3 метри.