1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буто погребана во Пакистан

28 декември 2007

Стотици илјади луѓе денеска и оддадоа последна почит на убиената поранешна пакистанска премиерка Беназир Буто.Таа е погребана во нејзината родна провинција.Нејзините следбеници на повеќе места се судрија со полицијата

https://p.dw.com/p/ChVA
Ковчегот со починатата опозиционерка во ПакистанФотографија: AP
Убиената екс пакистанска премиерка и водач на опозицијата,Беназир Буто е погребана во семејниот гроб во родната провинција Синд.Таа ќе почива покрај својот татко Зулфикар Али Кан Буто,кој беше соборен од власта од страна на војската во 1977 година и две години подоцна погубен. Пакистанскиот претседател Первез Мушараф одреди тридневна национална жалост за загинувањето на Беназир Буто. Тој за самоубиствениот напад ги обвини терористите: „Овој акт на насилство е дело на терористите,со кои сме во војна.Отсекогаш велев дека најголемата опасност за нашата земја доаѓа од терористите,“изјави Мушараф. Во часовите по смртта на Беназир Буто во повеќе делови на земјата дојде до судири меѓу нејзините приврзеници и полицијата.Само во провинцијата Синд,упориште на партијата на Буто,загинаа најмалку 20 луѓе.Владата во Исламабад најави официјална истрага за убиството.Според извештаи во медиумите,одговорноста ја презела терористичката организација Ал Каеда.Шефот на терористичката мрежа во Авганистан,Мустафа Абу ал Јазид во телефонски разговор убиството го означил за голема победа над сојузниците на западот во Пакистан,пишува весникот Ејшиа Тајмс. Сопругот на убиената Буто пак вината за убиството и го припиша на владата на Мушараф.Луѓето блиски до него не веруваат дека зад убиството стојат исламистите. Веќе сега е меѓутоа јасно дека за многумина во земјата Буто стана маченик,кој го даде својот живот за демократијата.Таа знаеше во каква опасност се наоѓа кога во октомвр се врати од егзил во својата земја.Пакистанската телевизија Даун Њус денес постојано ја повторуваше снимката со изјавата на сега починатата Буто: „Ние сме подготвени да го ризикуваме нашиот живот,но не сме подготвени нашата голема нација да им ја препуштиме на милитантите.“ Наваз Шариф,исто така опозиционен политичар и поранешен пакистански премиер изјави: „Ова не е само најцрниот,туку и најтажниот ден во историјата на нашата земја.“ Кратко потоа тој соопшти дека планираните избори за јануари во вакви околности немаат никаков смисол. Претседателот Первез Мушараф пак не се изјасни за евентуално одложување или откажување на парламентарните избори.