1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш во прва посета на Израел

Verenkotte, Clemens10 јануари 2008

Американскиот претседател Џорџ Буш, за првпат откако е на функцијата, го посети Израел. Меѓутоа, место на мировните преговори кои се наоѓаат во ќорсокак да им даде јасни импулси, тој самиот ги ублажи очекувањата.

https://p.dw.com/p/CnHQ
Претседателите Буш и Перес на свечениот пречек на аеродромот во Тел АвивФотографија: AP

По разговорите со Олмерт, Буш зборуваше за историски момент, за историска можност: во национален интерес на САД е да постојат две демократски држави - Израел и Палестина. Тој ги пофали, како Олмерт, така и палестиснкиот претседател Абас како политичари подготвени за одговорност. Буш нема илузии за тежината на претстојните преговори, но едно треба да биде јасно:

„Америка не може да ги диктира условите како да изгледа една таква држава. Единствениот пат за долгорочен мир е средба меѓу обете страни и донесување тешки решенија. Ние ќе помагаме во тоа„. По два ипол часа разговори, и израелскиот премиер Ехуд Олмерт искажа убеденост дека посетата на Буш е многу важна за мировниот процес. „Сакаме две држави: една за Палестинците и Изреал, една еврејска држава, меѓутоа: „Нема да има мир се додека не се оконча тероризмот. На Палестинците јасно им соопштивме и тие знаат и сфаќаат: појасот Газа мора да биде дел од договорот. Се додека таму има терор, ќе биде многу тешко да се постигне согласност меѓу нас и Палестинците„. Околу темата Иран, Буш и Олмерт едногласни: Иран е опасност за светкиот мир, изјави Буш. И натаму ќе соработува со меѓународната заедница за да се спречи Техеран да дојде во посед на атомска бомба. На оваа тема укажа и израелскиот претседател Шимон Перес уште при доаѓањето на Буш: „Ние го прифаќаме вашиот совет да не ја потценуваме иранската опасност. Но, ниту Иран не смее да ја потцени нашата решеност за самоодбрана„, изјави Перес. Американскиот претседател Буш денеска патува во Рамала на средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас.