1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш во Риад

15 јануари 2008

Американскиот претседател Џорџ Буш во Риад водеше разговори со саудискиот крал Абдула. Стана збор за заедничката политика кон Иран како и за блискоисточниот мировен процес

https://p.dw.com/p/Cpnw
Буш и кралот АбдулаФотографија: AP Photo
Американскиот претседател за првпат дојде на саудиско тло.Тој и саудискиот крал имаа многу што да си кажат.Главни теми беа мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците и Иран.И за двете теми Буш се надеваше на поддршка од својот саудиски пријател.Но,додека во врска со Блискиот исток тој може да се потпре на кралот Абдула,во врска со Иран не е така.Саудиска Арабија одржува дипломатски и економски односи со Техеран.Кралот Абдула уште порано стави јасно на знаење дека не е подготвен тоа да го промени.А уште помалку би му се заканувал воено на Иран.Со тоа кралот ги следи желбите на својот народ:
Саудијците не му веруваат на Буш
„Медиумите многу известуваат дека Иран го поддржува тероризмот,но јас не мислам така.“Ова го изјавува еден банкарски службеник,случајно прашан во луксузен трговски центар во Ријад. Овој човек,кој купува низ продавниците со својата забулена жена,мисли дека Буш претерува со своите предупредувања против Иран: „Ние сакаме овде да бидеме мирен регион“,додава банкарскиот службеник. Три жени,кои во трговскиот центар јадат хамбургери во американски имбис,уште подрастично се изразуваат за обвинувањата на Буш против Техеран: „Тој го вели тоа за сите земји на Блискиот исток,за Сирија,за Иран.Јас мислам дека САД се терористичка земја со тоа што го прават во Ирак.“ Според една анкета од минатата година,82 проценти од Саудијците се незадоволни од влијанието на САД на Блискиот исток.А САД,тоа е пред се претседателот Џорџ Буш.Сите три жени кои ги сретнавме во трговскиот центар,немаат многу симпатии за него: „Претседателот Буш зборува добро,но постапките му се лоши.“

►◄