1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш и Блер повторно единствени

29 јули 2006

САД и Велика Британија инсистираат на брзо испраќање на мултинационални трупи во јужен Либан, за што следната недела ќе се разговара и во ОН. Но, сето нема да има смисла ако не се разоружа Хезболах кој за двајцата, и по вчерашната средба во Вашингтон, останува едниствениот проблем и причина за војната на Блискиот Исток.

https://p.dw.com/p/AdzH
Буш и Блер остануваат единствени
Буш и Блер остануваат единствениФотографија: AP

Буш и Блер повторно покажаа единство: според нивното мислење главен проблем во блискоисточната војна е Хезболах. Целта мора да биде - екстремистите во Јужен Либан да бидат оневозможени да го напаѓаат Израел. Се друго треба да му биде подредено на овој приоритет, се сложија двајцата политичари.

Сепак Тони Блер на враќање кон Лондон, преку еден од портпаролите испрати порака дека тој сепак се залага и за побрзо темпо и дипломатско решавање на блиско источната криза. Иако по разговорите и Буш и Блер изјавија дека остануваат на истиот познат став: примирје би имало смисла само доколку бидат исполнети соодветните услови. Најважниот од нив гласи: Разоружување на параовоените сили во Либан, пред се припадниците на Хезболах. Буш за ова изјави:

„Нашата цел е траен мир. Предуслов за тоа е либанската влада да може да донесува одлуки на целата територија во земјата. Сакаме Либан без паравоени сили и влијание од надвор“.

Американскиот претседател Буш и британскиот премиер Блер ги сметаат за многу важни предстојните преговори во ОН закажани за в понеделник. Тогаш треба да се расправа за мандатот на меѓунароидните трупи за јужен Либан, кои би требало да се погрижат резолуцијата 1559 за цвелосно разоружување на милициите во тој дел на Либан и целосно да биде спроведена. Ако за ова биде изгласана заедничка резолуција тоа би значело дека воените дејствија на Блискиот исток ќе треба наскоро да прекинат. Тони Блер го објасни ова вака:

„Ние двајцата сметаме дека сега треба да се искористат сите расположиви можности со кои на Блискоисточниот мировен процес кој е во криза во изминатив месеци ќе му се даде нов импулс и ќе се спроведе решението за постоење на двете посебни држави . Тоа го сакаме и ние двајца, и целата меѓународна заедница.“

Според Блер и Буш, Израел и Палестина може да постојат како две самостојни држави, доколку Хезболах го нема како воена сила. Двајцата неколкупати нагласија дека токму Хезболах го сметаат за главен проблем и виновен за сегашната војна. Буш на прес конференцијата изјави:

„Хезболах како и оние кои го поддржуваат, Иран и Сирија се подготвени да убиваат во Либан и да применат на сила за да го спречат ширењето на демократијата и мирот. Тоа нема да им успее.“

Според ова не може да се очекува скор прекин на воените дејствија во Либан. Двајцата политичари инаку изразија жалење за жртвите и уривањето во Либан и Израел, и ветија хуманитарна помош, како и помош во обновата на земјите.