1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш и Браун повторно го предупредија Иран

18 април 2008

Џорџ Буш повторно изрази сомневање во иранското уверување дека атомската програма служи само за цивилни цели. Иран не заслужува доверба, изјави Буш заедничката прес-конференција со британскиот премиер Барун:

https://p.dw.com/p/Dk5f
Буш и Браун: заедничко предупредување до ИранФотографија: AP

Дури и ако Иран неговата нуклеарна програма вистина сака да ја користи само за снабдување со енергија, наивно е да се верува дека нема да ја користи и за атомско оружје, изјави Буш:

„Тие докажаа дека не треба да им се верува. И да се каже дека е во ред, ОК, нека ја развијат својата програма што нема да ја пренасочат кон воена програма, тоа, според мене е наивна проценка. Затоа Соединетите Американски Држави заедно со Британија, Франција, Германија и Советот за безбедност им велат на Иранците: верификувано запрете ја вашата програма што е најдобриот начин и за вас„.

Британскиот премиер Гордон Браун изјави дека не сака да се извини за тоа што бара нови санкции во случај Иран да не им излезе во пресрет на меѓународните барања за запирање на збогатувањето ураниум:

„Не се извинувам за она што го велам кога бараме проширување на санкциите за Иран. Иран го прекрши договорот за неширење на атомското оружје, и не ја кажува вистината какви му се вистинските планови. Од тие причини разговарам со другите европски лидери, како да ги прошириме санкциите против Иран во наредниот период„, предупреди Браун.