1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш-клима-реакции

1 јуни 2007
https://p.dw.com/p/Ansi

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, ги критикуваше најновите предлози на американскиот претседател Џорџ Буш за заштита на климата како недоволни. САД како најголем загадувач на земјината атмосфера имаат и посебна одговорност, изјави Барозо за “Фајненшел тајмс Дојчланд“. Буш претходно предложи 15-те најголеми производители на штетни гасови да се сретнат на конференција кон крајот на годината. Германската канцеларка Ангела Меркел ја поздрави иницијативата на Буш, но додаде дека за обврзувачки цели треба да се разговара веќе на самитот на Г8 во Хајлигендам наредната недела.