1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш повикува на политичко помирување во Ирак

2 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BP5I

По владината криза во Ирак, американскиот претседател Џорџ Буш го повика ирачкиот премиер Нури Ал Малики на политички реформи во земјата. Потребно е да се обединат сите спротивставени фракции во земјата, изјави Буш. Повикот на Буш следува по повлекувањето одвладата на најголемата партија на сунитите во земјата. Агенциите и натаму јавуваат за бомбашки напади во земјата. Во последното деноноќие се јавува за 50 загинати.