1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш се залага за поостри санкции против Иран

25 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anvj

Во спорот околу иранската атомска програма , американскиот претседател Џорџ Буш најави дека ќе работи заедно со Европа , Русија и Кина во насока на заострување на санкциите против Техеран поради неговот натамошно одбивање на барањата на ОН да запре со збогатувањето ураниум. Атомско оружје во рацете на Иран би било дестабилизирачко за целиот свет истакна Буш. Генералниот секретар на Меѓунараодната агенција за атомска енергија , Мохамед Ел Барадеи претходно истакна дека Иран би можел за три до осум години да развие атомска бомба :

„ Гледаме усложнување на ситуацијата , и чекорење кон конфронтација . Продолжувам да апелирам дека моменталната статус кво ситуација , моменталниот спор не е прифатлив“