1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

190308 Bush Irak

Ана Енгелке20 март 2008

Американскиот претседател Џорџ Буш одржа говор по повод петгодишнината од почетокот на војната во Ирак. Буш застана во одбрана на својата одлука, која е изложена на бројни критики

https://p.dw.com/p/DRg5
Џорџ БушФотографија: AP
„ Соборувањето на Садам Хусеин беше исправно. Ова е борба која америка може и мора да ја добие„ Со оваа реченица Џорџ Буш го започна својот получасовен говор. Тој ги отфрли сите барања за повлекување. Таквиот потег според него само ќе ја засили улогата на Иран во регионот и ќе му даде нов поттик на тероризмот. Буш ја пофали својата одлука од пред една година за испраќање на дополнителни 30.000 војници во Ирак:„Со засилувањето насилството значително беше намалено, исто така и бројот на цивилни жртви и напади врз американските војници„ Буш се осврна на соработката на американските сили со локалните сунитски милиции, притоа нагласувајќи дека за прв пат е забележано арапски отпор против терористичката мрежа на Ал Каеда. Ваквиот развој не е вистински ценет. Според Буш борбата против теророт во Ирак успева. И покрај тоа што има проблеми, земјата е на вистинскиот пат: „Никој не сметаше дека оваа војна нема да чини многу човечки животи и пари. Но овие трошоци се неопходни, за да бидеме сигурни дека нашиот непријател во Ирак нема да победи„ Претседателските кандидати и војната во Ирак
И. додека Буш во Пентагон за говорот доби голем аплауз, на различни локации во Вашингтон се одвиваа демонстрации против војната во Ирак: „Речиси 4000 американски војници загинаа и над еден милион ирачани. Војната не чини околу 3 билиони долари„ реагира еден од демонстрантите Со сличен став се и кандидатите за претседателската трка од редовите на Демократите, Хилари Клинтон и Барак Обама: „Бесконечната војна нема да ги натера Ирачаните да ја преземат одговорноста за сопствената иднина. Тоа исто така нема да ги направи американците побезбедни. Како претседател уште од првиот ден ќе работам за завршување на војната„ рече Обама Хилари Клинтон пак вети дека доколку стане претседател во првите 60 денови ќе започне со повлекување на силите: „Јас сум убедена дека можеме да започнеме за 60 денови и тоа да го направиме на одговорен и внимателен начин„ За разлика од нив, кандидатот од редовите на Републиканците, Џон Меккејн е на иста линија со Џорџ Буш.