1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш ја утна работата во Африка

22 февруари 2008

Вчера заврши турнејата на американскиот претседател Џоџ Буш по Африка. Во багажинкот Буш носеше – пари, пари! Коментар на Јоханес Бек.

https://p.dw.com/p/DBbP
Буш со сопругата и заболени деца: не може се да се купи со пари!Фотографија: AP

САД во наредните 5 години ќе потрошат 350 милиони долари за борба против болестите на кои малку им се посветува внимание, додека за битката против сидата во светот во наредните 5 години ќе бидат издвоени 30 милијарди долари.

Меѓутоа, дел од тие пари Американците сами веќе уништуваат. Предвидено е за борбата против Сидата, за програмите за објаснување, една третина да биде инвестирана во кампања за сексуална апстиненција, што е далеку од реалноста не само во Африка. Ќе имаше многу повеќе смисла ако се агитираше повеќе за употреба на кондоми. Меѓутоа, поради обѕири кон конзервативното крило кај републиканците, Буш во тоа нема да менува ништо.

Слично е и со помошта за развој. И тука Американците, од една страна, пумпаат големи финансиски средства во државите со добро владеење, како Гана, а од друга со нивната земјоделска и трговска политика ги блокираат економските шанси на многу африкански држави.

Западно-африканските држави со години војуваат против субвенциите за американските производители на памук. Во САД секој фармер месечно во просек добива повеќе од 12 илјади долари субвенции. Против тоа африканските производители не можат ништо. Иако уште во 2004 година Светската трговска организација оцени дека таквите субвенции се илегални, САД до денес се обидуваат со козметички коректури да се извлечат од аферата. Кога претседателот на Гана, Џон Куфур му ги спомна субвенциите на Буш, тој веднаш избега во општи теми.

И за една друга тема Буш не изгледаше добро: Американската команда за Африка, Африком. Всушност, станува збор за префрлувањето на американска база кај Штутгарт во Африка, но Американците никако да најдат прифатлив африкански домаќин. Се понуди Либерија, но оваа држава на Американците им е премногу нестабилна.

Се на се, слаб настап на американскиот претседател во Африка. Само со пари не можат да се решат сите проблеми.

Јоханес Бек