1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Важна победа за Хамбургер

ЕМФ/дпа/миа11 март 2013

Фудбалерите на Хамбургер постигнаа важна победа против Штутгарт и се искачија на шестото место на табелата на Бундеслигата.

https://p.dw.com/p/17utJ
Фотографија: picture-alliance/dpa

Решавачкиот гол во 50. натпревар (фото горе) под раководната палка на тренерот Торстен Финк, го постигна Артјомс Рудневс, во 49. минута. Во вториот натпревар од Бундеслигата што се одигра вчера (10.03) Хановер 96 на свој терен не успеа да го совлада Ајнтрахт Франкфурт. Мечот заврши нерешено, со резултат од 0:0.

Во натпреварите одиграни во саботата (09.03) фудбалерите на Шалке со 2:1 ја совладаа Борусија Дортмунд во локалното дерби од 25.коло. Победа во оваа рунда забележа и тимот на Мајнц за кој настапува македонскиот репрезентативец Николче Новески. Во триумфот од 1:0 против Бајер Леверкузен Новески во 82.минута доби жолт картон.

Постигнати резултати на другите натпревари во Бундес лигата:

Гројтер Фирт - Хофенхајм 3:0,

Фрајбург - Волфсбург 2:5

Бајерн Минхен - Фортуна Диселдорф 3:2

Борусија Менхенгладбах - Вердер Бремен 1:1

Во воведниот дуел од ова коло, во петокот (08.03) Аугсбург загуби на домашен терен од Нирнберг со 2:1.