1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВАЦ се повлекува од Балканот

2 август 2010

Германската медиумска групација ВАЦ, која неодамна објави дека ќе се повлече од Србија, е подготвена да се повлече од цела ЈИЕ, изјави првиот човек на компанијата Бодо Хомбах во интервју за весникот „Ханделсблат“.

https://p.dw.com/p/OZmm
Бодо ХомбахФотографија: picture-alliance/dpa

„Југоисточна Европа не е пазар со иднина за нас. Таму не сакаме да се засилуваме“, истакнува Хомбах.

Медиумската групација со седиште во Есен ќе се повлече од Србија и Романија пред крајот на годинава, наведува „Ханделсблат“.

Hauptquartier der WAZ -Gruppe in Essen
Фотографија: AP

„Подготвени сме да продаваме во Југоисточна Европа, само ако се поволни условите. Можеме, но и не мораме да продаваме. Таквата можност ни‘ дава слобода, тоа да го сториме само кога ќе биде профитабилно“, објаснува Хомбах

ВАЦ во Германија издава регионален весник со истото име. Петнаесет години има силно присуство на Балканот со весници во Хрватска, Македонија, Бугарија и Унгарија. Во средината на јуни, групацијата објави дека ќе се повлече од Србија, каде е сопственик на 50 отсто од весникот „Политика“, поради трговски несогласувања со српски бизнисмен.

Автор: БГ/АТ/Ханделсблат

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска