1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вашингтон ги одобрил турските напади во Ирак?

Aceska, Zana17 декември 2007

Претседателот на регионалната курдска влада во северен Ирак Ниширван Барзани ги повика САД да го заштитат воздушниот простор на Ирак и да ја зауздаат турската армија

https://p.dw.com/p/CcbW
По турските напади во курдските села во ИракФотографија: AP

Вашингтон демантира дека одобрил турски воздушни напади врз Ирак. Началникот на генералштабот на турската армија, генералот Јашар Бујукунит, пак, тврди дека САД ги одобриле турските напади врз курдските бунтовници во северен Ирак. Агенцијата Анандолија ја пренесува изјавата на турскиот генерал, според кого...:„Америка го отвори ирачкиот воздушен простор за нас.Со неговото отворање,таа даде согласност за операцијата„.

Турскиот генерал тврди дека нападите не биле насочени против цивили

Генералот тврди дека цел на тричасовните авионски напади,по што продолжиле и артилериски, не биле цивили и не се погодени села. Според курдската работничка партија ПКК, во турските напади врз повеќе села во северен Ирак загинале седум луѓе,петмина борци и двајца цивили.Курдите тврдат дека се ранети голем број цивили,меѓу нив жени и деца,а дека се оштетени и мостови меѓу селата во планинскиот венец Кандил.Повеќе семејства се во бегство.

Турскиот амбасадор во Багдад повика на разговор

Во ирачкиот главен град Багдад заменикот министер за надворешни работи Махмуд ел Хаџ Хумуд го повика на разговор турскиот амбасадор.Ваквите напади ги загрозуваат пријателските односи меѓу двете земји, му било пренесено на турскиот претставник.Во нападите се уништени болници,училишта и мостови.Бараме од турските власти да заправт ваквите акции против недолжните,била крајната порака која му била пренесена на турскиот амбасадор во Багдад.

Тешко пристапните Кандил планини во Ирак на границата кон Турција се засолниште за бунтовниците на Курдската работничка партија ,која во овој регион според проценките има околу 3500 вооружени борци.Од северниот дел на Ирак тие на 21 октомври нападнаа единици на турската армија,убивајќи 12 турски војници .Турскиот парламент и даде одобрение на владата во Анкара да испрати трупи во северен Ирак за да ги нападне позициите на курдските бунтовници.Турската армија во граничната област кон Ирак има стационирано околу 100 илјади војници.