1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вашингтон го бара Сноуден од Москва

ЕМФ/афп/ртр24 јуни 2013

Американската влада побара од Русија испорака на Едвард Сноуден, човекот што ги објави информациите за тајната американска програма за следење на компјутерските комуникации - Призма.

https://p.dw.com/p/18uqH
Фотографија: Reuters

„Од руската влада очекуваме да ги разгледа сите опции кои стојат на располагање за да го врати господин Сноуден во САД“, соопшти Белата куќа рано изутринава (24.06). Меѓу Русија и САД во поново време има „интензивирана соработка“ по прашањата на правната држава, која би морало да се продолжи, апелираше американската влада. Сноуден мора „да одговара за делата за кои е обвинет“, се вели во Вашингтон.

Едвард Сноуден откри дека со програмата Призма американската тајна служба НСА ги надгелдува интернет комуникациите на корисниците на услуги на големите интернет концерни како Гугл, Фејсбук и Мајксрофт. По обелоденувањето на овие информации тој избега во Хонгконг, а оттаму во текот на вчерашниот ден се упати во Москва. За време на престојот на Сноуден на аеродромот во Москва беше соопштено дека тој поднесол барање за азил во Еквадор. Американската влада, која го обвинува Сноуден за шпионажа, сега сака да спречи тој да отпатува на друго место. Еквадорската влада денеска соопшти дека барањето за азил се разгледува.

Snowden Moskau Ecuador Asyl
Автомобили на амбасадата на Еквадор паркирани на аеродромот во МоскваФотографија: Reuters

Телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на високи функционери во американската влада, јави дека Вашингтон од Еквадор, Куба и Венецуела побарал да не му даваат азил на Сноуден. Освен тоа, американските власти, според Си-Ен-Ен, го анулирале пасошот на Сноуден.