1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

280409 US-Klimagipfel Obama

28 април 2009

САД го вртат листот и во иднина ќе учествуваат во светската борба против промените на климата. Во Вашингтон денеска (28.04.09) завршува Меѓународниот форум за климата.

https://p.dw.com/p/HfnO
Американската министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон на Форумот за климатаФотографија: AP

Германскиот министер за екологија, Зигмар Габриел беше пријатно изненаден. По говорот на американската министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон на Форумот за енергија и клима во Вашингтон, тој побрза кај новинарите и искажа исклучително задоволство: „Политичкото раководство на САД е ангажирано во заштитата на климата. Тоа го немаме доживеано во изминатите години.“

Габриел вели дека администрацијата на Обама, во делот на политиката на заштита на климата има сосема поинаков став во споредба со владата на Буш. Она на што мисли сојузниот министер за екологија беа заложбите на американската министерка за надворешни работи околу заштитата на животната средина, кои беа повеќе од само празни зборови: „Науката е јасна и недвосмислена - промените на климата се реална опасност за светот и бараат со нив веднаш да се зафатиме. Претседателот и целиот негов тим се подготвени да ја преземат оваа задача. Ние ќе дејствуваме.“

Во друг дел од говорот, Клинтон беше уште појасна: „САД веќе нема да бидат неoправдано отсутни. Претседателот Обама и јас ја ставаме промената на климата во централните задачи на нашата надворешна политика“, изјави Клинтон.

На што се навистина подготвени индустриските земји?

Ова беше страничен удар на американската министерка за надворешни работи на сметка на претходната влада на Буш, која со години го намалуваше значењето на заканата од загревањето на Земјината топка и која никогаш не стави потпис врз Протоколот од Кјото за заштита на климата. Владата на Обама, на форумот за екологија во Вашингтон, прави обид за подготовка на Светскиот самит за климата, што треба да се одржи во Копенхаген, во декември. Таму би требало да биде донесен договор кој ќе го наследи Протоколот од Кјото што истекува во 2012 година. Притоа, станува збор за обврзување од страна на државите за намалување на испуштањето јаглероддиоксид кој е штетен за климата. Донесувањето заеднички мерки за заштита на климата, покрај САД, досега беше спречувано пред се‘ од страна на земјите во забрзан развој, како Индија и Кина. Но, и покрај добрата атмосфера во Вашингтон, во наредните седум месеци до самитот во Копенхаген ќе мора да се работи напорно, вели германскиот министер за екологија, Зигмар Габриел, дополнувајќи дека американскиот став се‘ уште далеку заостанува зад очекувањата на експертите за заштита на климата. Така, на пример, би морало да се реши уште следното прашање: „На колкава редукција на издувните гасови се подготвени индустриските земји? Науката ни‘ вели дека се неопходни меѓу 25 и 40 проценти. Американскиот предлог се‘ уште е далеку зад овие проценти. Германија и другите Европејци имаат намера да го намалат количеството издувни гасови за 40%.“

Bundesumweltminister Sigmar Gabriel
Германскиот министер за екологија Зигмар ГабриелФотографија: picture alliance/dpa


Автор: Клаус Кастан / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска