1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вашингтон и Берлин се пазарат околу обновата на Ирак

16 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRL
Денеска во Берлин се очекува специјалниот пратеник на САД за Ирак, Џејмс Бејкер, кој со канцеларот Герхард Шредер ќе разговара за долговите на Ирак. Американската влада апелираше имено до Германија, Франција и Русија, како земји кај кои претходниот режим имаше најголеми долгови, да помогнат во обновата и стабилизирањето на Ирак со тоа што ќе ги отпишат странските дологови. На средбата во Берлин треба стане збор и за забраната на Вашингтон фирми од земјите кои беа против војната во Ирак да учествуваат во неговата обнова. Обете барања на Вашингтон наидоа на отпор во официјален Берлин, бидејќи во случајот на Германија станува збор за двојна казна. Министерот за развојна помош, Хајдемари Вичорек Цојл спроти доаѓањето на Бејкер изјави дека Америка не може д очекува од Германија излегување пресрет по прашањето на долговите, се' додека во исто време германските претпријатија уште се исклучуваат од учеството во вносните зделки поврзани со обновата на ирачката инфраструктура.