1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вашингтон сака стабилност на Блискиот Исток

Дојче Веле, Агенции (К.Д.)28 јануари 2009

Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Џорџ Мичел, повика на одржлив прекин на огнот во појасот Газа. По разговорите во Каиро, Мичел пристигна во Ерусалим.

https://p.dw.com/p/Ghtq
Џорџ МичелФотографија: AP

Првата посета на специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Џорџ Мичел, беше засенета од ново насилство во појасот Газа. По синоќешниот напад врз израелска патрола, во кој еден војник го загуби животот а тројца беа повредени, израелската авијација во текот на ноќта бомбардирала подземен тунел за шверц на оружје меѓу Газа и Египет. Во нападите загинал еден 24 годишен Палестинец. Американскиот специјален пратеник во меѓувреме пристигна во Ерусалим на разговори со израелскиот владин кабинет. Претходно тој беше во Каиро каде по разговорите со египетскиот претседател Хосни Мубарак ја испрати следнава порака:

„Многу е важно прекинот на огнот да биде одржан и зацврстен. Ги поддржуваме напорите на Египет во таа насока и сакаме да биде постигнат одржлив мир и стабилност во регионот. Најголем доказ за тоа е одлуката на претседателот Барак Обама, кој една недела по неговата инаугурација ме испрати во регионот. Ќе разговарам со повеќе лидери од регионот и од Европа и за неколку денови ќе подготвам извешта, кој ќе им го предадам на претседателот Обама и на државниот секретар Хилари Клинтон“, изјави Мичел.

Консултации на владата во Ерусалим

Инаку израелскиот владин кабинет вочи посетата на Мичел одржа консултации околу наредните чекори. Министерот за одбрана Ехуд Барак, вечерва заминува во САД на разговори со неговиот американски колега Роберт Гејтс. Американскиот специјален пратеник утре во Рамалах ќе разговара со палестинскиот претседател Махмуд Абас.