1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Ваши“ однесе околу 1000 животи

20 декември 2011

Во тропската бура „Ваши“ што ги зафати Филипините загинале околу 1000 луѓе. Ваков биланс направи националната Агенција за заштита од катастрофи.

https://p.dw.com/p/13Vu0
Тропската бура однесе 1000 жртвиФотографија: AP

Најголем дел од жртвите се од градовите Кагајан де Оро и Илиган. „Ваши“ во ноќта кон саботата со ветришта со брзина од 75 километри на час го погоди островот Минданао. Долготрајните поројни врнежи предизвикаа излевање на реките и поплави на улиците во овие градови. Многу луѓе беа во сон изненадени од поплавите.

Според оценки на Црвениот крст, најмалку 400.000 лица имаат потреба од помош во опустошените региони во јужниот и централниот дел на Филипините.

Филипините секоја година се погодени во просек од 20 големи бури. Во септември, тајфуните „Несат“ и „Налге“ зад себе оставија пустош и преку 100 мртви луѓе.

Автор: СН/ АТ/ ртр/ дпа/ мф

Редактор: Ж. Ацеска