1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вегетаријански ден за децата

27 јануари 2010

Откако белгискиот град Гент во летото 2009 година се прогласи за европски вегетаријански град , секој четврток во училишните мензи во овој ден од неделата има јадења без месо. Идејата на Гент е прифатена и пошироко.

https://p.dw.com/p/LcKK
Во училиштата во Гент во четврток се јаде само храна без месоФотографија: DW

Четврток претпладне во едно основно училиште во Гент. 226 деца учат во ова училиште. Во мензата треба да биде послужен ручекот. Единаесетгодишниот Јакоб Пројс знае дека денеска е еден посебен ден.

„Денеска е вегетаријански ден, сите јадат вегетаријанска храна. Не смее да се земе месо. “

Почнувајќи од септември, еднаш неделно во сите 35 училишни мензи има само вегетаријанска храна. Соја и тофу наместо шпагети болоњезе? Арен, школски другар на Јакоб, дури ни дома нема ништо против тоа.

„Ние често јадеме вегетаријанска храна наместо месо. И вегетаријанските бургери може понекогаш да бидат многу вкусни .”

Со храна од зеленчук во борба против прекумерната тежина и загадувањето на околината

Jakob Preuss mit Mitschülern in der Schulkantine der Freinetschool De Boomgard in Gent
И во семејството на Јакоб дома повеќе се јаде зеленчук отколку месоФотографија: DW

Зеленчукот не е само здрав, туку е и вкусен. Тоа треба да го научат и најмалите. Така градот Гент сака да се справи со прекумерната тежина на децата. Сепак, целта на иницијаторите на вегетаријанскиот ден не беше само здравата исхрана. За производство на еден килограм говедско месо се потребни околу 15.000 литри вода. И, според наводите на ОН, стадата од целиот свет се одговорни за најмалку една петина од штетните издувни гасови. Помалку конзумирање на месо значи исто така и штедење на ресурсите и заштита на климата. Тоа го знае и единаесетгодишниот Јакоб. Тој е загрижен за иднината:

„Ако продолжиме вака, за неколку стотици години земјата нема веќе да ја има. Мислам дека тоа не е вооппшто добро и затоа се обидувам тоа да го спречам со возење велосипед. Поради тоа и дома се` помалку јадеме месо. Во спротивно Земјата ќе биде потполно уништена и многу животни ќе изумрат."

Храна без месо на училиште и дома

Schulleiterin Caroline Van Nevel und zwei Schüler der Freinetschool De Boomgard in Gent
Директорката на училиштето, Каролин Ван Невел задоволна од општата прифатеност на веги - денотФотографија: DW

Еден просечен Белгиец во текот на својот живот просечно јаде околу 1.800 животни. Само со еден ден нејадење месо можат да се спасат 250 животни. Така стои во информативните брошури, кои учениците ги добија од градот. Од воведувањето на вегетаријанскиот ден во основното училиште „Бомгард“, почна и во наставата повеќе да се зборува за исхраната и особено за конзумирањето месо. Повеќе од 90 проценти од родителите го подржуваат веги-денот, раскажува директорката на училиштето, Каролин Ван Невел:

„ Добро е што го имаме овој задолжителен ден, но немаше да биде добро ако го воведевме како обврска за сите и за секој ден. Јадењето е многу лична семејна работа. Меѓутоа е добро доколку еден ваков ден отвора дускусија. Децата доаѓаат дома и велат: ’Утре не јадам месо’. Тогаш таткото можеби вели: ’Не со мене и не во мојата куќа – овде јадеме што сакаме." Но, тоа е исто така во ред."

Важно е што воопшто се размислува за последиците од јадењето месо, смета и Тобијас Ленаерт. Тој работи за ЕВА, Белгиската вегетаријанска организација, иницијатор на идејата за вегетаријанскиот четврток.

„Големото конзумирање месо се` уште значи вклучување во општеството. Но, тоа ќе се промени - само е прашање на време. Уште велиме, тоа е моја работа и моја чинија – не ми се мешај. Но, тоа едноставно е асоцијално. И ќе биде се` поочигледно, дека нашите прехранбени навики ќе имаат последици. Доколку луѓето го разберат тоа, а ќе го разберат, ќе ги променат и своите навики на исхрана.“

Воведување национален вегетаријански ден

03.02.2006 emx quiz D paul mc cartney
Пол Мекартни се вклучи во реклама на гентската иницијативаФотографија: DW_TV

„Дондердаг – веги-даг“, како што на фламански се нарекува вегетаријанскиот ден, предизвикува голем интерес - новинари и политичари од целиот свет се јавуваат во Гент, за да дознаат повеќе. Во Белгија уште два града го следеја примерот на Гент , во Колумбија се размислува еден ден во неделата да се прогласи за национален вегетаријански ден. Поп звездата Пол Мекартни на отворени приредби ја рекламира гентската иницијатива. Исто така и кај најголемиот број жители на Гент кампањата наидува на добар прием.

„Овде во Белгија околу тоа може многу да се прочита во печатот. Ние самите не се вклучуваме во иницијативата, но за луѓето кои тоа го сакаат, тоа е добра работа."

„Тоа е секогаш во четврток, но јас лично имам повеќе вегетаријански денови, два или три. Не јадам месо со особено големо задоволство и секогаш мислам на животните. Сите треба да јадат помалку месо."

„Јас ја разбирам кампањата и проблематиката, но јас нема до крајот на мојот живот да се одречам од месото. Но, сигурно можам понекогаш да направам исклучок.“

Исто така и во рестораните во Гент во четвртоците има посебно вегетаријанско мени. И градот е горд на тоа што наводно може да се пофали со најголем број вегетаријански ресторани по број на жители во цела Европа.

Автор: Нина Хаазе / Светлана Брик

Редактор: Жана Ацеска