1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велика Британија – воен ангажман

4 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BCMR

Новиот британски премиер Гордон Браун има намера во иднина да му ги препушти на Парламентот одлуките за воен ангажман надвор од земјата. Пратениците треба да го имаат последниот збор кога станува збор за војна, нагласи Браун. Во Велика Британија одлуката за војна и мир со векови на ред беше во надлежност на премиерот. Браун најави зајакнување на улогата на Парламентот и на други полиња.