1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велика Британија – двегодишнина напади

7 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BDXh

Денеска во Велика Британија се одбележува двегодишнината од тешките бомбашки напади во Лондон. Најблиски роднини на жртвите, како и лица кои ја преживеаја трагедијата, се собраа да им одадат почест на жртвите. Меѓу нив беше и премиерот Гордон Браун кој положи венци цвеќе кај станицата Кингс крос. Таму, на местото на најтешкиот напад, се одржа и главната комеморативна свеченост.

Четворица британски исламисти на 7. јули 2005-та извршија самоубиствени напади во кои животот го загубија 52 лица.