1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велика Британија мора да одлучи: ЕУ или не

Џоана Импеј/Симе Недевски15 октомври 2012

Во текот на изминатите денови антиевропската реторика во британската влада стана се’ погласна. Како ваквото однесување ќе влијае врз позицијата на земјата во рамките на ЕУ.

https://p.dw.com/p/16Q3G
Фотографија: picture-alliance/dpa

Британскиот тон во насока на ЕУ е се’ позаострен. Под растечкиот притисок на десно насочените сили во рамките на неговата партија, британскиот премиер Дејвид Камерон повторно навести дека има намера да организира референдум за односот на неговата земја кон Европската Унија. Додуша на референдумот нема да станува збор за излегување на Велика Британија од ЕУ, но Камерон смета дека Унијата премногу се меша во внатрешните работи и во цивилното општество во земјите-членки.   

Британските евроскептичари во референдумот гледаат шанса да ја повратат моќта која веќе му е дадена на Брисел, за да се извлечат од финансиските обврски кои би можеле да произлезат од финансиската криза. За време на конгресот на неговата Конзервативна партија во изминатата недела, Камерон се закани дека ќе ги блокира преговорите за буџетот на ЕУ, доколку другите членки на ЕУ не се согласат на „умерена контрола на издатоците“- што значи дека издатоците треба да пораснат многу. Тој говореше и за тоа дека во иднина се потребни два буџета, еден за земјите членки на еврозоната и друг за членките на ЕУ кои не се дел од монетарната унија- како Велика Британија. Набљудувачите сега се прашуваат дали ваквите зборови би можеле да ги навредат останатите членки на Унијата и тоа на Самитот на ЕУ на 18. и 19 октомври во Брисел на кој пред се’ треба да се дискутира за предлозите на финансиска унија.

Незадоволство во Брисел

"  Владее впечаток дека Велика Британија сака да се држи настрана од случувањата во рамките на еврозоната и се согласува на поголема интеграција само доколку тоа не ја засега неа“, вели Вивиен Пертусо, претседателка на Францускиот институт за меѓународни односи (ИФРИ) во Брисел . Ова може да предизвика лутина, на пример кај Франција, дури и ако односите меѓу Велика Британија и Франција под раководство на Франсоа Оланд досега беа пријателски. Критичарите предупредуваат дека Велика Британија во дискусиите за иднината на ЕУ би можела самата себеси да се катапултира во офсајд.

David Cameron Parteitag in Birmingham
Дејвид Камерон говори на патискиот конгрес на британските КонзервативциФотографија: Reuters

Марко Инчерти од Центарот за европски политички студии (ЦЕПС), смета дека забелешките на Камерон во Брисел нема да изненадат речиси никого. „Во Брисел не избувна одненадеш паника. Загриженост таму постои веќе подолго време“, вели Инчерти во разговор за ДВ. А загриженоста расте, колку повеќе се наметнува  впечатокот дека се зголемува дистанцата меѓу Лондон и Брисел

Џејмс Елес, член на британската Конзервативна партија и долгогодишен европратеник, меѓутоа укажува на тоа дека Камерон неговите забелешки ги изнесол на партискиот конгрес на Конзевративците на кој значителен дел од делегатите е повеќе непријателски настроен кон ЕУ. „Верувам дека повеќето луѓе разбираат дека Камерон овој поостар тон го употреби за да ги смири страстите неговата сопствена партија“, истакнува Елес во интервју за ДВ. 

Велика Британува останува влијателна

Марко Инчерти не гледа опасност дека антиевропските тонови на британската влада ќе го намалат влијанието на земјата во ЕУ.

„Во Велика Британија додуша постои впечаток дека Брисел им наметнува правила на Вестминстер и на Велика Британија, но Обединетото Кралство во реалноста го нема загубено влијанието во Брисел“. Поради специфичната улога на Лондон како финансиски центар на Европа земјата ќе остане „неизбежен играч“, кога станува збор за случувањата во финансискиот свет. Референдумот во Велика Британија згора на тоа би го поздравиле и многумина во Брисел, бидејќи со него многу работи би можеле да бидат разјаснети.

Tower Bridge London
Финансиската метропола ЛондонФотографија: picture-alliance/dpa

Инчерти смета дека е крајно време, Велика Британија да донесе одлука, или сака да остане во ЕУ и потоа позасилено да се заложи за Унијата, или сака да излезе од ЕУ, но тогаш ќе треба и да опстои на нејзината одлука. Британската позиција уште неделава на Самитот на ЕУ во Брисел ќе се најде на тест. 

Во минатиот декември премиерот Камерон веќе се погрижи за незадоволство во Унијата со неговата блокада на Фискалниот пакт на ЕУ кој е во служба на спасувањето на еврозоната. Договор за пактот сепак беше постигнат- и без согласност на Велика Британија.