1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Министерска оставка поради чистачка без легален престој

СН/емф/афп/мф/ртр9 февруари 2014

Во Велика Британија, министерот за доселување Марк Харпер поднесе оставка бидејќи вработил чистачка која нелегално живеела во земјата, односно не ги поседувала важечки документи за престој и работа во Велика Британија.

https://p.dw.com/p/1B5ha
Фотографија: Imago

Британскиот министер за доселување Марк Харпер (насловна фотографија) поднесе оставка откако беше откриено дека ангажирал жена за одржување на неговата куќа којашто немала соодветна дозвола за престој и работа во земјата, објави кабинетот на премиерот Дејвид Камерон.

Министерот Марк Харпер ги прекршил законите ненамерно, според неговата изјава, со ангажирање на жената чии документи покажуваат дека таа немала дозвола за престој во Велика Британија.

Во писмото со оставка испратено до премиерот, министерот Харпер објаснува дека ја ангажирал жената во април 2007. година, „со преземање низа проверки“, вклучително и од даночната служба. Харпер истакнува дека официјалната база на податоци не укажувала дека жената нема право да работи под договор како приватен претприемач. Притоа, таа му доставила на Харпер потврда издадена од 2006. година од Министерството за внатрешни работи за постојан престој со право на работа.

Кога во мај 2010. година Харпер стана дел од владата, тој повторно ги проверил дозволите за престој во земјата на сите ангажирани работници, вклучително и на жената задолжена за одржување на неговата куќа, а откако во септември 2012 година беше именуван за министер за имиграција ја направил и третата проверка. Сите проверки покажале дека жената има регулиран статус за престој. Есента 2013. година, откако британскиот парламент го усвои законот за миграција, Харпер ја направил и четвртата, потемелна проверка на чистачката, барајќи ги од неа сите копии од неопходните документи и барајќи тие да бидат предадени во имиграциоската служба за проверка.

Mark Harper stolpert über seine Putzfrau
Британскиот премиер Дејвид Камерон заедно со својот довчерашен министер за имиграција, Марк ХарперФотографија: Imago

„Претпладнето на 6-ти февруари бев информиран дека чистачката навистина нема дозвола за престој. Веднаш за тоа го информирав челникот на министерството за внатрешни работи. Сега со тој случај се занимава службата за имиграција“, се истакнува во писмото на Харпер до премиерот Камерон, кој од своја страна се заблагодари за искреноста на министерот, истакна дека Харпер покажал највисоки стандарди како личност повикана да се справи со нелегалната миграција.

Премиерот Камерон и неговата Конзервативна партија се наоѓаат под растечки притисок на ксенофобичната партија УКИП (United Kingdom Independence Party).