1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велика Британија - пораки „од горе“ во ниви со жито

Фолкер Штајнхоф / Александар Методијев16 октомври 2013

За едни тоа се знаци од небото, а за други траги од следувањето на неидентификувани летачки објекти. Цели генерации се занимаваат со спектакуларните кругови во англиските ниви со жито.

https://p.dw.com/p/19wp4
Фотографија: gemeinfrei

Кругови во жито - цела една генерација порасна со стравопочит кон необјаснивото. Дали се од вонземјани или, пак, се од духовна енергија? Од крајот на 80-тите круговите во житата ги полнат насловните страници. Епицентарот е во грофовството Вилтшир, на југозападот од Англија.

Регионот набрзо стана магнет за барателите на смислата и експерти за вселената од цел свет. Многумина тука до денес живеат од туризмот со круговите во жито.

Но, има еден проблем во Вилтшир - има се’ помалку кругови во житото. Дали вонземјаните се нешто лути?

Веројатно има и сосема поинакво објаснување. Наместо вселенски брод доволна е една штица. Метју Вилијамс со помош на штица има направено над 100 круга во житото, и тоа навечер и тајно. Но, потоа престанал со тоа, како и многумина други уметници.

„Некои од создавачите на круговите се вознемирија кога видоа дека туристите се собираат во областа - доаѓаа милиони, а тоа се пари за туристичката индустрија. А тие немаат воопшто пари, немаат скршена пара и страдаат“, вели Метју Вилијамс.

Die neuen Kornkreise
Едни веруваат дека круговите се создадени од небо, други од вонземјани, а трети ја знаат тајната - нив ги создава обична даскаФотографија: AP

Сето ова завршува, бидејќи неколкумина се откажале? Невозможно! Флауер пауер, Њу ејџ, Езотерика - тоа беше голема ера која самата произведе свои истражувачи и мудреци.

„Овде е линијата и сега добиваме поразлични прстени од оние што ги имаме тука - позитивни и негативни“, објаснуваше еден „научник“ во 1990 година, додека го испитуваше теренот со круговите.

„Добро, можеби тука имаме феномен кој е предизвикан од воздух. Продолжувам да верувам дека главната компонента доаѓа од горе“, изјави друг влубеник во круговите.

„На наједноставен можен начин - создадена е топка од електризиран воздух, која се врти и се спушта надолу“, смета трет фасциниран човек од формите во нивите со жито.

„Дојдоа луѓе од Кина и рекоа дека ова има лековити својства и на некој начин се излечија од различни болести. Мислам, не можеш да им помогнеш, туку си возбуден кога гледаш дека луѓето го добиваат тоа од твојот дизајн“, вели Вилијамс.

Премногу фасцинантни за да бидат направени од човечка рака и премногу изненадувачки слични на праисторискиот Стоунхенџ. И таму има круг! Може ли да е случајност што и Стоунхенџ е токму во истата област - во Вилтшир?

AP Iconic Images Komet Hale-Bopp über Stonehenge
СтоунхенџФотографија: AP

„Ќе видите зголемување на бројот на антички локалитети стари 2.000, 3.000 години, кои ги има насекаде околу вас, а и на други локации каде овие кругови се појавуваат. Веројатно таму лежи одговорот“, вели Колин Ендрус, истражувач на кругови во жито, во изјавата дадена во 1990 година.

Стоунхенџ и круговите во жито станаа место за аџилак на младите, бунтовни и посветени на чисто знаење луѓе. Еве ги нивните објаснувања за местото:

„Не знам дали има спирали во нив, а и спирали во различни насоки, па така да се добијат квадрати и канали“.

„Навистина се чувствува нешто многу силно, како полнење енергија“.

„Се чини дека вушност тоа е направено од летечки чинии. Можеби е вонземски живот“.

Вилтшир денес - има се’ помалку кругови во жито, но последните баратели на нивната смисла и во тоа гледаат некаква потврда.

„Инстинктот ми вели дека се работи за нешто натприродно, нешто што ние како луѓе не го разбираме“, вели Бил Ричинсон, турист во областа со кругови во жито.

Намалувањето на круговите за Вилијамс има сосема лична причина: „Порано добивав треска од сеното и морав да се одморам додека имав треска. Секогаш когаш кога ќе направев круг бев како претепан“.

Вилијамс во основа ја разниша вербата во круговите со жито. Но, она што тој едноставно не сака да го сфати е дека неговото објаснување не важи над облаците. Вербата во надземското е над се‘.