1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вен Џијабао говореше во јапонскиот парламент

12 април 2007
https://p.dw.com/p/AgEy

Кинескиот премиер Вен Џијабао во говорот пред јапонскиот парламент побара да се надминат разликите во мислењата меѓу двете земји. Според него и кинескиот и јапонскиот народ се жртви на Втората светска војна, а вината за јапонската агресија треба да се бара кај одредени воени претставници. Кина, рече Вен, го цени извинувањето од Јапонија, но раководството во Токио треба тоа да го покаже и преку дела. Претходно Вен и неговиот домаќин, јапонскиот премиер Шинцо Абе разговараа за тесна соработка во економијата, енергетскиот сектор и заштитата на климата. Инаку говорот на Вен, е прв говор на кинески лидер по дваесет години во јапонскиот парламент.