1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Верижен судир на стотина возила во Британија

РЃ/ртр5 септември 2013

Нема информации за починати, но има голем број повредени на мостот А249 кој го поврзува островот Шепи со Кент

https://p.dw.com/p/19caG
Архивска фотографијаФотографија: picture alliance / dpa

Осум моторџии се сериозно повредени, и најмалку 60 се со помали повреди во сообраќајна несреќа на околу сто автомобили која се случила на мостот во услови на густа магла за време на сообраќајниот шпиц. Портпаролот на Кент извести дека нема починати, и покрај тоа што на мостот владеат сцени на хаос, а една линија на мостот е блокирана.

Пожарната служба на Кент извести дека нема смртни случаи но дека амбулантните екипи се обидуваат да се справат со повредените. Пожарникарите морале да исечат неколку возила со цел да извадат пет луѓе кои биле заробени внатре. Повредените се однесени во неколку болници кои се затворени за други пациенти за да можат да се справат со со повредените од несреќата.

Како што сонцето ја расчистуваше маглата големината на несреќата стануваше се повидлива. Неколку часа по несреќата шокираните преживеани шетаа наколу додека нивните автомибили стоеја заглавени.

Очевидците велат дека виделе откорнати покриви на автомобили, а гледале и како сообраќајката продолжува да се зголемува затоа што видливоста била само 20 метри. Целата област е во сообрајќаен хаос, а се очекува дека мостот ќе остане затворен цел ден денеска, а на возачите им беше советувано да ги користат старите премини за влез и излез на островот.

Мартин Стамерс кој го фотографирал инцидентот вели дека повеќето возачи возеле како „идиоти“ иако имало многу густа магла. „Се што можев да чујам беше звукот на автомобили кои се судираат, излеговме од автомобилот и беше морничаво тивко, а видливоста беше само дваесетина метри“, изјави тој. „Се што можеше да се слушне околу десет минути беше удар по удар по удар..прво се слушаше кочењето а веднаш потоа ударот. Целиот горен дел на мостот е полн со автомобили, има автомобили со откорнати покриви а има и многу луѓе кои се заробени внатре во автомобилите. Дури и откако пристигна полицијата сѐ уште можеа да се чујат автомобили кои се вклучуваа во собраќајката. Беше страшно“ додава тој.

Дејвид Инграм кој го напуштал островот бил предупреден од возачите од спротивната со „блендирање„, ја опиша како „осакатување“. За Скај Њуз тој изјави:„Беше вистински „масакр“ не можеше да се види ни едно возило“.

Џејми Емет, студентка, беше заробена во купчето автомобили но за среќа помина неповредена вели: „имаше еден маж кој викаше да сопрам, успеав да застанам пред да удрам во автомобил но тогаш одзади ме удри комби и јас завршив во автомобилот пред мене. Сѐ што се случуваше беше некако надреално. Се што можев да слушнам е судар по судар но навистина не знаев колку автомобили има пред мене, буквално можев да видам само два или три автомобила пред мене, имаше толку многу магла“.

Полицијата извести дека всушност имало два поголеми судари еден од нив на мостот а другиот на пристапот кон мостот. Инцидентот започнал некаде околу 7,15 утрото поради премалата видливост. Полицијата првчно сметаше дека има околу 200 повредени, но по рачистување на дел од несреќата се утврди дека бројот е многу помал и дека многу од луѓето во несреќата биле заглавени во автомобилите но не се повредени. Мостот на кој се случила несреќета го поврзува Шепи со Кент е висок 35 метри и има четири ленти, неговата изградба чинеше сто милиони фунти, а во употрба беше пуштен во 2006 година.