1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Веројатно илјада жртви во земјотресот во Турција

23 октомври 2011

Турската сеизмографска служба со седиште во Истанбул смета дека во силниот земјотрес кај градот Ван ќе има најмалку 1.000 жртви. Потресот имал сила од 7.2 степени според Рихтеровата скала.

https://p.dw.com/p/12xJ2
Луѓето во градот Ван и околината уште се под шокФотографија: AP

На денешната прес-конференција во Истанбул, експертите на Сеизмографската служба посочија дека со оглед на силината на земјотресот, тој ќе резултира со најмалку 1000 жртви. Службата претходно и ја коригира информацијата за силината на земјотресот од првичните 6,6 на 7,2 степени.

Американската сеизмичка служба веднаш информира дека според нејзините мерења земјотресот имал 7,3 степени според Рихтеровата скала. Кусо време по главниот потрес, се почувствувал уште еден со силина од 5,6 степени.

Schweres Erdbeben in der Türkei
Сите се на улица во градот Ван, бидејќи земјата уште се тресеФотографија: picture-alliance/dpa

Турската новинска агенција Анадолу јави дека во градот Ван се урнале повеќе зданија, меѓу кои и една станбена зграда со седум спрата. Во неа веќе се пронајдени безживотни тела, а има и поголем број преживеани кои уште се под урнатините. Спасувачките екипи се на теренот. Во градот Ван живеат околу 380.000 луѓе.

Турската сеизмичка служба порача дека епицентарот се наоѓал во местото Табанли, блиску до границата со Иран. Неговиот градоначалник Бекир Каја за ТВ станицата НТВ изјави дека има оштетени згради, но од таму уште нема попрецизни информации за бројот жртви.

Земјотресот предизвика масовна паника и ТВ снимки покажуваат поголем број луѓе во бегство.

Во меѓувреме турската влада потврди дека има и жртви од земјотресот. Кризниот штаб во Анкара не даде подетални информации за бројот не жртвите. Премиерот Реџеп Таип Ердоган наскоро ќе го посети погодениот регион, во кој организацијата на Црвената полумесечина на Турција веќе испраќа шатори и санитетски материјал.

Автор: ГЧ/ЖА/ртр/дпа

Редактор: Ж. Ацеска