1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вестервеле го повика на разговор американскиот амбасадор

ЕМФ/дв/епд/дпа24 октомври 2013

Во знак на протест поради наводното прислушување на мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел, шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле го повика на разговор американскиот амбасадор.

https://p.dw.com/p/1A5Oy
Фотографија: picture-alliance/dpa/Mohamed Messara

По обвинувањата дека американската тајна наводно го прислушувала мобилниот телефон на германската канцеларка Меркел, министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска попладне (24.10) треба да разговара со американскиот амбасадор во Берлин. Министерството за надворешни работи ја потврди ваквата информација на „Шпигел Онлајн“ и прецизираше дека во текот на разговорот на амбасадорот „ќе му биде јасно презентирана германската позиција“ за случајот.

Претседателот на парламентарната Комисија за контрола над работењето на тајните служби, Томас Оперман, свика вонредна седница на комисијата и изјави дека практиката на НСА за прислушување сосема излегла од контрола.

Според магазинот „Шпигел“, германската влада се сомнева дека и мобилниот телефон на канцеларката Меркел е прислушуван. Затоа Меркел вчера (23.10) во телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама барала детално објаснување веднаш.