1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вести од економијата:

30 јуни 2004
https://p.dw.com/p/AeQw

Автомбилската конјунктура во Германија никако да тргне напред. Според мислењето на експертите тоа нема да се случи ниту во оваа година. Наспроти оптимистичките прогнози на сојузот на автомобилската индустрија, оваа ќе биде петта година по ред со стагнирачки или со назаден тренд. “2004 година оваа бранша може да ја заборави“, изјави претседателот на Институтот за автомобилско стопанство Вили Диц за весникот “Ханделсблат“. Сојузот за автомобилска индустрија предвиде пораст од 3,4 насто повеќе ново производство во однос на минатата. Експертите пак сметаат дека оваа прогноза во јули ќе биде коригирана надолу.

За разлика од автомобилската, машинската индустрија доживува бум во извозот. Германските машини повторно се во светската трка: само во мај странските нарачки пораснаа за 34 насто, јави сојузот на оваа бранша со седиште во Франкфурт. Во споредба со тоа, домашната побарувачка достигна само 4 проценти повеќе. Вкупно, меѓутоа, браншата има плус од 23 насто.

Последните предлози во Германија за генерално враќање на работната недела од 40 часа наидоа на широко одбивање. Работодавачите и синдикатите едногласно подвлекоа дека мора да се решава од случај до случај. Во слична смисла се изјаснија и Социјалдемократите и зелените. Напротив, водечките политичари на Унијата во основа се изјаснуваат за продолжување на работното време, но со тоа поженаја критики и во сопствените редови. Целата дебата ја предизвика “Сименс“ кој за да не ја префрли фабриката за производство на мобилни телефони во Унгарија, постигна согласност со своите работници за продолжување на работната недела на 40 часа без зголемување на платите. Со тоа се спасени две илјади работни места најмалку во наредните две години, но тоа, тврди мнозинството, не смее да стане правило. Дискусиите "за" и "против" се во тек.