1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ветер од спротивен правец во односите меѓу Берлин и Москва

Н. Јолквер/Р. Гончаренк /А. Методијев 21 јуни 2013

Германската канцеларка Ангела Меркел патува на меѓународен економски форум во Санкт Петербург. Економските односи меѓу Русија и Германија и натаму се добри, но расположението би можело да се расипе.

https://p.dw.com/p/18tbX
Фотографија: picture-alliance/dpa

Неколку дена по самитот на Г8 земјите во Северна Ирска, германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин повторно се среќаваат. Канцеларката денеска (21.06.2013) патува во Санкт Петербург за да учествува на еден меѓународен економски форум. Во разговорот со шефот на Кремљ во прв ред треба да стане збор за германско-руските економски односи. Трговијата меѓу Русија и Германија со години е во пораст. Во 2012 е достигнат вкупен волумен од повеќе од 80 милијарди евра, што, како што оценува Источниот одбор на германското стопанство, е ново рекордно ниво.

Но, расположението би можело да се расипе, предупредуваат експертите. Постојат знаци, според кои, по последното политичко незадоволство меѓу Берлин и Москва економските односи би можеле да се влошат. Некои германски претприемачи, кои до неодамна беа „носени на раце“ во Русија, сега чувствуваат ветер од спротивен правец. За ова информираше Андреас Штајнингер, член на Управниот одбор на Институтот за истокот од Визмар, во средината на јуни во Берлин, на една конференција за Русија во организација на Германското друштво за надворешна политика. Тој не изнесе детали. Можната промена во расположението, смета Штајнингер, би можела да биде последица на политичкото заладување во односите меѓу Берлин и Москва.

Спор околу германската политика кон Русија

Од стапувањето на претседателската функција на Путин, во мај 2012 година, од Берлин доаѓаат се’ повеќе критики на внатрешнополитичкиот развој на настаните во Русија. Тоа кулминираше со резолуција на Бундестагот минатата есен по повод германско-руските владини консултации. Пратениците во резолуцијата, меѓу другото, изразија загриженост за новите закони во Русија, кои според нив ставаат дел од цивилното општество под притисок. Русија реагираше жестоко и ги отфрли критиките. Магазинот Шпигел од Хамбург го опиша расположението меѓу Берлин и Москва како „можеби најлошото од Студената војна“.

Konferenz in der DGAP Andreas Steininger
Андреас Штајнингер, член на Управниот одбор на Институтот за истокот од ВизмарФотографија: DW/N. Jolkver

Спорно е дали германските политичари би требало јавно и отворено да ја критикуваат Русија. Владејачката ЦДУ смета дека Германија треба отворено да и’ изразува критика на Русија како на партнер. Опозициската СПД, спротивно на тоа, се залага за тивка дипломатија и за „нова политика кон Истокот“. Александер Рар, директор на одделот за истражувања во Германско-рускиот форум, во Берлин зборуваше за конфликт „меѓу едно организирано и влијателно цивилно општество во Германија и државно ориентирана елита во Русија“.

Konferenz in der DGAP Alexander Rahr
Александер Рар, директор на одделот за истражувања во Германско-рускиот форумФотографија: DW/N. Jolkver

Путин се потпира на големи компании

Но, и покрај се’, на германските инвеститори во Русија им оди добро. Таква барем беше пораката од мнозинството учесници на конференцијата одржана во Берлин. Сепак, во моментов постојат повеќе економско-политички акценти од политиката на претседателот Путин, кои германските економски експерти ги набљудуваат со загриженост. За разлика од неговиот претходник Димитри Медведев, Путин ги поддржува пред се’ големите компании, вели Ото Лухтерханд, експерт за Источна Европа од Универзитетот во Хамбург. Средните пртетприемачи не добиваат голема поддршка, смета тој. Тоа го потврдува и Андреас Мец од Источниот одбор на германското стопанство. „За време на мандатот на Медведев беше поголем интересот за диверзификација на економијата“, оценува тој.