1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ветувања без обврски

10 август 2009

Од денеска во Бон повторно се собираат делегации од 192 земји учесници во преговорите за климата на ОН, за да ја продолжат работата на усогласување на Новиот договор за климата, кој треба да биде усвоен вo Копенхаген.

https://p.dw.com/p/J6X9
Местото на одржување на климатската конференција во БонФотографија: picture alliance / dpa

Како во врвна кујна сега во Бон мора да се редуцира, да се крчка и проварува, се‘ додека не биде составен реален текст за доворот за нашата иднина. Имено, станува збор за глобалната клима, која неспорно ќе биде одлучувачка за иднината на човештвото.

Потребни се поамбициозни цели

На последниот Самит на Г8 во јули, во италијанскиот град Лаквила, најразвиените индустриски земји, вклучително и САД, се согласија за една цел: загревањето на земјината топка до 2050 година смее да изнесува максимално два степени. Меѓутоа, два степени се веќе премногу, сметаат многу истражувачи на климатските промени и организации за заштита на животната средина како што е „Гринпис“:

Logo der UN Klima Konferenz 2009 in Kopenhagen
Лого на климатската конференција во Копенхаген

„Тоа би значело дека Амазон веројатно на оваа земјина топка ќе исчезне како тропска џунгла, дека нивото на морето ќе порасне за уште еден метар и би значело уште и дека многу плодоносни површини би се исушиле, и не би биле повеќе обработливи“, вели предводникот на делегацијата на „Гринпис“ на преговорите за климата на ОН во Бон, Мартин Кајзер.

ОН предвидоа вкупно пет преговарачки рунди пред, во декември во Копенхаген, да може 192 земји-членки на ОН да го прифатат договорот за климата. Двете први рунди исто така се одржаа во Бон. Собирот, оваа недела, е еден вид неформална средба воочи двете наредни конференции кои треба да се одржат во Банкок во септември и во октомври, и во Барселона на почетокот на ноември. Во декември, во Копенхаген конечно би требало да биде усвоен договорот наследник на досегашниот Кјото-протокол за глобалната клима.

Конечната одлука паѓа во декември во Копенхаген

Притоа, станува збор пред се’ за четири точки, истакнува Иво де Боер, раководител на секретаријатот за клима на ОН:

Niederländischer UN-Klimasekretär Yvo de Boer vor den Verhandlungen für die Klimakonferenz
Иво де Боер, секретар за клима на ОНФотографија: picture-alliance / dpa

„Амбициозни цели за намалување на емисијата на штетни гасови за индустриски развиените земји, напори на земјите во економски подем да ги одржуваат нивните емисии што е можно пониско, едно сигурно, сеопфатно и предвидливо финансирање на мерките за прилагодување на новите цели, како и една фер структура на одлучување.“

На последната конференција во Бон беше составен документ од 300 страници со предлозите на 192 преговарачки партнери. Задачата за оваа недела во Бон, пред се’ ќе биде овој документ да се адаптира на 50 до 100 страници, кои потоа ќе бидат вметнати во единствениот обврзувачки текст на договорот, за кој во Копенхаген, шефовите на држави или на влади треба да преговараат и конечно да го усвојат.

Автор: Хеле Јепесен/ Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска