1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вигенин: Скопје има проблем со историјата

Николај Цеков/Б. Георгиевски23 декември 2013

Употребата на историјата во идеолошки цели е причината за проблемите на Република Македонија со Бугарија и со Грција, вели во разговор за ДВ бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин

https://p.dw.com/p/1AfEM
Фотографија: BGNES

Шефот на бугарската дипломатија, Кристијан Вигенин во интервју за бугарската редакција на ДВ говори за спорот со Македонија и очекувањата од договорот за добрососедство.

Има ли промени во бугарската политика кон Македонија?

„Основното прашање кое стои меѓу Бугарија и Македонија се тековните преговори за потпишување на договор за добрососедство. На македонската страна јасно и’ ставивме до знаење да сфати дека без таков договор Бугарија нема да даде зелено светло за започнување на преговорите меѓу Скопје и Брисел за членство на земјата во ЕУ. Во минатото и јас се сомневав во ваквата бугарската позиција, откако по повеќегодишна безрезервна поддршка, Софија го смени ставот и побара најпрво да се потпише договорот за добрососедство.

Таков договор сега е неопходен, првичната идеја беше лансирана уште пред 2008 година, времето ја докажа потребата од него и тука нема враќање назад, процесот треба да биде финализиран. Сличен договор и’ предложивме и на Србија. Мислам дека со Белград преговорите ќе одат полесно. Она што го внесов како новина, во однос на моите претходници на функцијата, е паралелно со преговорите да се развиваат и политичките контакти и останатите форми на соработка. Така се создава поголема доверба меѓу нас, која ќе помогне за потпишување на договорот.

Во еден период македонската страна не се однесуваше доволно сериозно кон нашето инсистирање на неопходноста од договорот. Сега гледаме промена и желба од македонска страна да учествува во напорите за постигнување компромис.

Treffen der Außenminister Mazedoniens und Bulgariens in Ohrid
Македонскиот и бугарскиот министер за надворешни работи Попоски и Вигенин во Охрид во мај годинаваФотографија: DW

Сепак, потпишувањето нема да се случи набрзо. Постојат три причини за тоа. Најлесен за решение е проблемот со формулацијата на јазиците, на кои ќе биде потпишан договорот. Нашата позиција е дека формулацијата од Декларацијата на премиерите од 1999. година, во која се зборува за официјалните јазици според уставите на двете земји, е добра и нема причина да биде ревидирана. Таквата формулација досега е употребена при потпишувањето на околу 60 договори меѓу двете земји.

Втор проблем е настојувањето на македонската страна во договорот да се вметне текст во кој ќе биде наведено дека ’Уставот на РМ кој ја задолжува државата да се грижи за македонските малцинства не е претпоставка за мешање во внатрешните работи на Бугарија’. Подобра формулација има во Времената спогодба меѓу Македонија и Грција, и таква формулација е од клучно значење и за Бугарија.

Најчувствителниот дел од договорот за добрососедство е поврзан со историјата. Бугарската страна предлага создавање на заедничка комисија за историски прашања, која треба да утврди заедничка интерпретација на настаните од заедничката историја на двете соседни држави. Предлагаме и заедничко одбележување на настани од историјата кои се важни за двете страни“.

Има ли координација меѓу министерствата за надворешни работи во Софија и Атина околу проблемите кои двете земји ги имаат со Македонија?

„Не би говорел за координација. Ние, се разбира, заемно се информираме за етапите до кои сме стигнале во нашите преговори и за грчките преговори со Скопје за името Република Македонија. Всушност, иако формулациите се различни, причините за проблемите на двете земји со Република Македонија се исти. Не можеме да сметаме дека тие причини ќе исчезнат сами од себе.

Gemeinsame Sitzung der mazedonischen und bulgarischen Regierungen
Бугарскиот и македонскиот премиер Пламен Орешарски и Никола ГруевскиФотографија: MIA

Употребата на историјата во идеолошки цели е причината за проблемите на Република Македонија со Бугарија и со Грција. Во случајот со Грција, проблемот е фокусиран врз името и поради тоа е лесно објаснив и видлив, но е многу подлабок од тоа.

Бугарија ја призна Република Македонија со нејзиното уставно име, и затоа објаснувањето на нашите проблеми со соседот е потешко. Преку договорот кој му го предлагаме на Скопје ние адресираме дел од тие проблеми без притоа целосно да ги решиме, се ангажираме - и двете страни - да продолжиме со работа преку формираните комисии и други форми на соработка“.