1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Визи за Македонија

Александар Чомовски9 јануари 2008

Од 1 февруари почнува да важи новиот закон за престој на странци во Македонија. Според него визите за граѓани на голем број земји ќе се издаваат исклучиво во амбасади или овластени места на МНР.

https://p.dw.com/p/CmsD
Скопје воведува визи за голем број странски граѓаниФотографија: Petar Stojanovski

Албанците ќе вадат виза во Тирана, Грците не ќе може повеќе да влегуваат со лични карти - тоа се првите последици од новиот закон за престој на странците во Македонија што стапува на сила од 1 февруари. Законот е подготвен според европски стандарди.

Визи нема да има само за граѓаните државјани на земјите членки на ЕУ, САД, Канада, Норвешка и неколку други земји како и за поранешните Југословенски Републики и Косово додека таму важат пасошите на УНМИК.

Новите правила за престој во Македонија ја заоструваат безбедноната контрола и предвидуваат визи за влаез во Македонија да се издаваат само во нејзините амбасади или овластени места во МНР.