1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Викенд под знакот на "7" за Михаел Шумахер

14 јуни 2004
https://p.dw.com/p/AenN
Михаел Шумахер и годинава победник во Монтреал
Михаел Шумахер и годинава победник во МонтреалФотографија: AP

Михаел Шумахер победи на Големата награда на Канада во светското првеснтво во автомобилизам формула еден. Тоа беше 77-ма победа во кариерата на 35-годишниот ас, 7-ма победа во оваа сезона и 7-ма во Монтреал, што досега на му успеа на ниеден друг возач. Победата е резултат на извонредната тактика на постариот од браќата Шумахер, кој од шеста стартна позиција стигна до првото место, оставајќи ги зад себе помладиот брат Ралф од тимот на Вилијамс и вториот возач на Ферараи Рубенс Барикело.

Ауди, по победите од 2000-2002-ра година, забележа уште еден триумф на прочуената автромобилска трка 24 часа во Ле Ман. Минатата година победник беше Бентли, кој исто така спаѓа во концернот Ауди. Победничката тројка возачи, Јапонецот Ара, Италијанецот де Капело и Данецот Кристенсен, возеа модел Ауди А8. 72-то издание на славната автомобилска трка го следеа 190 илјади гледачи.

Тимот на "Опел скајлајнерс" од Франкфурт на Мајна за прв пат стана првак на Германија во кошарка со победата во петтиот финален дуел од плеј-офот против Бамберг со 84 спрема 78.

Германскиот велосипедист Јан Улрих го зачува водството во генералниот пласман на трката "Околу Швајцарија". Фаворитот Александар Винокуров, колега на Улрих од тимот на Телеком, имаше тежок пад и е пренесен в болница. Етапен победник вчера беше Австралиецот Роби Мекјуен.

Германците Маркус Дикман и Јонас Рекерман ја освоија својата втора титула европски прваци во бичволеј, додека Давид Клемперер и Никлас Радемахер се поразени во дуелот за бронзениот медал. Првенството на плажата Тимерсдорф беше и генерална проба за претстојните олимписки игри во Атина.