1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Викиликс“ откри што мисли Америка за светот

29 ноември 2010

Интернет-страницата „Викиликс“ повторно предизвика бранувања во светот. Протекоа доверливи информации од американските амбасади ширум светот во кои се открива што мислат Американците за своите сојузници и противници.

https://p.dw.com/p/QKfk
Фотографија: picture-alliance/dpa

Длабока скептичност кон сојузниците и надворешна политика, која се` уште е засенета од стравот од терористички напади - ова е сликата што според весниците „Њујорк тајмс“ и „Шпигел“ ја претставуваат американските дипломати во околу 250.000 документи. Деведесет проценти од најновите доверливи информации што се најдоа на „Викиликс“ потекнуваат од 2005 година наваму и се добиени главно од американската амбасада во Анкара, а останатиот дел од американското претставништво во Багдад.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, на пример, е оценет доста скептично, поради тоа што повторно ја исламизирал земјата. Саудиска Арабија, инаку близок сојузник на САД, во тајните документи се опишува како главен финансиер на исламистичките терористички групи како Ал Каеда, додека емиратот Катар, каде се стационирани голем број американски трупи, се опишува како „најлош во регионот“, кога е борбата против тероризмот во прашање.

Wikileaks Der Spiegel
Германските политичари не се поштедениФотографија: picture-alliance/dpa

Меркел е оценета како ретко креативна

Кај европските политичари, американските дипломати го оценуваат италијанскиот премиер Силвио Берлускони како „гласник на рускиот премиер Владимир Путин“, со кого наводно склучувал приватни бизниси. Путин, пак, се смета за „алфа-животно“.

Ниту германските политичари, со исклучок на министерот за одбрана, Карл-Теодор цу Гутенберг, не уживаат подобар имиџ во очите на Американците. Канцеларката Ангела Меркел се оценува како човек кој не сака да презема ризици и ретко се покажува како креативна. Министерот за надворешни работи, Гидо Вестервеле, пак, за Американците е „неискусен политичар“, кој е некомпетентен, избувлив и критички настроен кон САД.

Американското министерство за надворешни работи вчера со сите сили се обиде да го спречи издавањето на доверливите информации. Со тоа се загрозуваат животите на безброј лица, се вели во Вашингтон.

Автор: ТТ/ЕМФ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема