1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Виланова поради болест заминува од Барселона

ЖА/дв/ртре/афп20 јули 2013

Тито Виланова од здравствени причини се повлекува од тренерската позиција на шпанскиот фудбалски клуб Барселона. 44-годишниот Виланова треба третпат да започне терапија против рак.

https://p.dw.com/p/19B5A
Фотографија: picture-alliance/dpa

Шок за шпанскиот фудбалски реномиран клуб Барселона: Тито Виланова одлучил да ја напушти клупата на каталонскиот фудбалски гигант поради влошеното здравје, рак на паротидната жлезда. Претседателот и спортскиот директор на Барселона, Сандро Росел и Андони Зубизарета веста ја соопштија на вонредна прес-конференција во синоќа. Наследникот на Виланова ќе биде познат во следните денови.

Тито Виланова минатото лето го замени на клупата на Барселона Жозеп Гвардиола, кому три години му беше помошник, меѓутоа на средината од сезоната мина два месеца на лекување во Њујорк поради рак на грлото.

Во текот на лекувањето на Виланова, екипата ја водеше неговиот помошник Жорди Роура, а кон крајот на сезоната Виланова се врати на клупата.

Барса минатата сезона убедливо ја освои титулата во Шпанија со 15 бодови повеќе од најголемиот ривал мадридски Реал.