1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Виното од ЕУ во визирот на Кина

ЖА/дв/дпа/афп/ртре5 јуни 2013

По воведувањето царини во ЕУ за соларните производи од Кина, сега кинеските власти започнаа проверка на обвинувањата за дампинг против европските винари. Дали се заканува ескалација на трговскиот конфликт?

https://p.dw.com/p/18k0Q
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кинеските власти започна антидампинг и антисубвенциска истрага за виното што во Кина се увезува од земјите на ЕУ. Решението на Пекинг доаѓа само 24 часа по одлуката на Европската комисија да отвори антидампинг истрага за увозот на соларни панели од Кина.

Испитувањето за тоа дали некоја стока се нуди по дампинг цени се применува секогаш кога фирмите и компаниите ги продаваат своите производи под нивната вистинска вредност. ЕУ ги обвини кинеските производители на сончеви панели дека ги нарушуваат правилата за фер трговија, нанесувајќи им штета на цели сектори од европските производители.

Кина ги отфрла обвинувањето за дампинг цени на нејзините панели, но претставник на кинеското Министерство за трговија изјави денеска дека официјален Пекинг настојува да го разреши ова прашање низ дијалог. Тој побара од ЕУ да покаже „поголема флексибилност“ за изнаоѓање решение кое ќе биде прифатливо и за двете страни.

Во Пекинг нема објаснување до кога ќе трае испитувањето за тоа дали има дампинг кај европското вино и колку тоа е субвенционирано од земјите-производители или од ЕУ.

Кина е најголем светски производител на сончеви панели. Во минатата година кинеските компании во ЕУ извезле вакви панели за сума од 21 милијарда евра.

Кина минатата година увезла 430 милиони литри вино, две третини од тоа потекнуваат од земји од ЕУ. Франција со 170 милиони литри би била најпогодена од мерката на кинеските власти. Освен винарството, кинеското министерство за трговија во визирот има и други бранши од ЕУ, на пример хемиски производи.

Германскиот министер за стопанство Филип Реслер, во изјава на германскиот јавен телевизиски сервис, уште еднаш повика на разумност.

„Ние се залагаме за дијалог, а не за конфронтација“, изјави Реслер, критикувајќи ја одлуката на ЕК како тешка грешка. Германската влада се изјасни против заштитните царини. Германското стопанство стравува од значителни загуби доколку со царини бидат погодени и други области, зашто со Кина постојат интензивсни стопански врски.