1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Винска „војна“

29 август 2005

Пазарот на вино во целиот свет се преструктуира: одамна мина времето кога винските супер-сили како Франција или Италија не мораа да се грижат за уделот на новајлииите како Австралија, Чиле или Јужна Африка. Меѓу винарите и винските држави се води огорчена битка за места во регалите во супер-маркетите: во Европа и во целиот свет. Меѓутоа, меѓунарондиот симпозиум за виното што неодмана се одржа во хесенскиот

https://p.dw.com/p/AeO9
Зелено вино
Зелено виноФотографија: dpa

�рад Гајсенхајм, мина мирно. Специјалистите и винарите од целиот свет разговараа за производството и продажбата:

Германските винари деновиве се среќни поради признанијата во целиот свет. Освен тоа, расте и годишната потрошувачка на вино пер капита, иако со 20 литри Германија е се уште далеку од Франција или Италија каде што се трошат 60 литри. Дополнителното признание дојде со довербата во Гајсенхајм да се одржи 14 меѓународен симпозиум за винарството. Основач на овие симпозиуми е ГЕСКО, работна група, се разбира од Франција. Таа им нуди можност за средби и разговори на експертите од целиот свет. Професор Ханс Шулц од факултетот во овој град е убеден дека симпозиумот ќе му користи на германското винарство, барем индиректно:

„Сигурно профитот нема да дојде веднаш. Меѓутоа, симпозиумот е можност за странските експерти да го запознаат винарството во Германија и да вратат по нешто од тоа дома. Тоа се индиректните мултипликатори на имиџот„.

Годинава на средбата учествуваа и најогорчените конкуренти на Европејците – експертите од САД, кои беа подготвени да ги споделат своите знаења и искуства со другите. Науката не познава граници, барем така би требало да биде теоретски. Всушност, најчесто станува збор за важни технолошки постапки со кои се заработуваат пари или се брани достигнатиот статус.

Експертите дискутираа за фенолот и танинот, но и за решавачкото прашање каков вкус треба да има виното: овошно-сочно или безлично - од што зависи дали едно вино ќе и припаѓа на врвната група од три проценти и ќе се продава по цена поголема од шест евра. Во поволниот сегмент на цените владее жестока турканица: производителите од целиот свет си конкурираат – како малите винари, така и џиновите како американскиот „Констелејшн брендс„ или „Фостер’с„ од Австралија.

Во најлош случај конкуренцијата може да доведе до тоа некоја винарија да банкротира. Ниту едно винарско подрачје не останува поштедено од банкрот, вели претседателот на групата ГЕСКО, Ален Карбоно:

„Тоа се случува во Франција, но и во многу други земји, дури и во Чиле. Одделни винарии банкротираат и се повлекуваат од бизнисот. Но, констатиравме дека има решенија и тие се главно од техничка природа. И на југот на Франција можеме да прозиведеме добро „Мерло„ и по иста цена како онаа во Австралија, ако не и поповолно. Можеме да се вклучиме во меѓународниот натпревар, но мораме да ги убедиме винарите во новите и интересни решенија„.

Споредбата со Австралија е фрапантна: на тој континент производителите пред само 30 години се соочуваа со сосема поинакви проблеми од оние во Европа. Австралијанците имаат многу земја и малку дождови и – недостиг на стручњаци. Затоа во нивните лозја ангажираа многу машини, што за многумина Европејци и денес е најголем грев. Освен тоа, развија нови методи како да се кројат лозниците, како да се штитат, обработуваат и наводнуваат. Резултатот, што за многумина Европејци е неверојатно – е: во Австралија за хектар лозје се потребни 50 часа годишно. Во Германија за тоа се потребни 800, а во некои каменити подрачја дури и повеќе од 3 илјади часа годишно. Професор Шулц во Гајсенхајм веќе ја испроба австрилската постапка со надеж да произведува поефтино вино, а сепак да биде конкурентен на светскиот пазар.