1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Биткоин бум

Антје Пасенхајм/ Симе Недевски25 декември 2013

Оваа валута им се измолкна на централните банки и на сите прописи: Поради тоа биткоин и ги инспирира корисниците на инернет. Виртуeлната валута во моментов доживува вистински процут во САД.

https://p.dw.com/p/1Agjr
Фотографија: picture-alliance/dpa

Американецот Ричард Вестон во едно кафуле во Вашингтон на гостите најпрво им го поставува пресудното прашање: „Имаш ли паричник?" Кога ќе го каже тоа, Вестон всушност мисли на виртуалната финансиска берза, со оглед на тоа дека и тој е т.н. „Биткоинер"- член на растечката светска заедница на љубителите на златната интернет валута, Биткоин.                         

Во САД виртуелната валута биткоин станува сѐ попопуларна. Сите кои сакаат Биткоин требаат да купат соодветен виртуелен паричник. Во тој случај Вестон ја препорачува интернет страницата Blockchain.info. Овој 50-годишник ја води заедницата на сите корисници на биткоин во американскиот главен град. Околу 40 члена на оваа заедница се верни на замрсената математичка комбинаторика околу биткоин, кој уште во 2009. година на интернет го осмисли и го презентираше Јапонецот под псевдоним „Сатоши Накамото".
Виртуелната валута, која се базира на детално осмислен систем, во кој две страни со едноставен клик на тастатурата можат меѓусебно да префрлат пари една на друга- без никакви трошоци, прописи или контрола од трето лице. „Идејата е двајца луѓе меѓусебно да се поврзат преку интернет. Не постои централна контрола на целиот биткоин систем." Само таквиот систем може да биде силен, и тоа кај 21 милиони монети биткоин, колку ги има во моментов во виртуелниот свет. Повеќе од тоа алгоритмите кои го одредуваат бројот на биткоини не дозволуваат.
Желбата да станете „биткоинер" може да има повеќе мотиви, раскажува Вестон. „Кога ќе се зголеми вредноста на биткоин, ќе се појават многу шпекуланти. Тие сакаат да заработат долар повеќе." Други пак во овој виртуелен златник гледаат финансиска инвестиција како што тоа во своето хоби го гледаат и разни нумизмитичари или пак филателисти.

Deutschland Währung zahlen mit Bitcoin
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пазарот цвета

Вредноста на овие интернет пари во измината година се зголеми повеќе пати. Секој кој на време вложил во биткоин, можеше на брз начин да заработи многу пари, како Вестон. Уште една предност на овој систем доаѓа од бизнис светот- бројот на корисници кои тргуваат со оваа валута постојано расте.
Освен тоа, постојат бројни опции за користење на оваа валута во секојдневниот живот. Многу студенти во Јута својата кирија исто така ја плаќаат во биткоини. На вработените во градот Вико во сојузната држава Кентаки, по нивна желба платата може да им биде исплатена во биткоини бидејќи нивниот шеф и таа опција им ја ставил на располагање. Исто така, еден бар во Њујорк им нуди на гостите своето пиво да го платат со оваа виртуелна валута.

Digitale Währung bitcoin
Фотографија: picture-alliance/AP

Постојано менување на вредноста

Иако звучи весело и разиграно, работата која што се врти околу биткоин нема такви епитети, сметаат некои, како директорот на програмата за економија на Американскиот институт за германски студии на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, Александар Привитера. „Проблемот е во тоа што, поради големиот интерес за биткоин во последните неколку месеци нивната вредност нагло порасна. Сепак, тоа се случи затоа што точно одреден број биткоини беа во оптек."

Навстина, оваа интернет валута не е се' уште толку стабилна, како што во тоа цврсто веруваат нејзините симпатизери. Монетата биткоин има едно правилно опаѓање и покачување на вредноста. Првпат тоа се случи во 2011. година, кога вредноста на биткоин- уште тогаш неспоредливо безопасна, падна од стабилни 30 на 2 долари. На почетекот на месецов вредноста на еден биткоин изнесуваше 1.200 долари. Неколку дена подоцна вредноста повторно се намали, и таа не изнесуваше ни половината од она што беше на почетокот на месецот. „Мораме да работиме со анонимен интернет сообраќај", објаснува Привитера. „Се работи за сообраќај кој се одвива на начин кој зад себе не остава никакви траги. Ни еден Бен Бернанке не би можел да го зголеми или намали количеството на пари. Не постои никој кој може да се повика на помош во ваква ситуација."

Напад на доларот?

Директорот на Американската централна банка, Бернанке им даде на овие виртуелни пари воздржан благослов. Американската централна банка нема авторитет да се меша, кратко изјави Бернанке.
Дури и фактот дека биткоин го забележал директорот на централната банка на САД им даде на овие монети крила, сметаат упатените. Други пак, како поранешниот парламетарен претставник Рон Пол предупредуваат: „Кога доларот ќе падне во неволја, биткоините ќе бидат алтернативна опција. И што повеќе се користат биткоините, толку е полоша ситуацијата за доларот", смета Пол.

Освен политичарите, слични грижи има и американскиот Конгрес. Речиси никој не се обратил за да предложи забрана или регулирање на овој виртуелен платежен сообраќај, туку само сенаторот Том Карпер изрази можен страв за платежниот сообраќај на иформатичките патишта. „Многу валути би можеле да бидат средство за перење пари, препродавање дрога или пак искористување на децата од целиот свет- а листата може да биде и подолга", објаснува Карпер. И веднаш потоа додава: биткоин буди фантазија кај едни, страв кај други додека останатите ги прави само збунети- како и него самиот.
И покрај тоа, големиот фан на биткоин, Вестон, овие грижи ги релативизира. Таквите стравови се нормални и се појавуваат со секоја нова технологија на пазарот. „Меѓу првите кои возеа автомобили беа и ограбувачите на банки. Тие ѝ бегаа на полицијата, која во тој момент уште корисеше коњи", објаснува Вестон и се прашува: „Треба ли поради тоа да се забранат автомобилите?"

Digitale Währung bitcoin
Фотографија: Getty Images