1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Висока затворска казна за скандалот со Формула еден

ЕМФ/дапд27 јуни 2012

Судот во Минхен денеска (27.06) го осуди поранешниот член на Управниот одбор на Бајерн ЛБ банката Герхард Грибковски на затворска казна од осумипол години затвор поради скандалот со Формула еден.

https://p.dw.com/p/15MFB
Фотографија: dapd

54-годишниот Герхард Грибковски пред неколку дена веќе призна дека во 2006 година примил 44 милиони евра поткуп од шефот на Формула 1 Берни Еклстон и дека не ги пријавил за оданочување во Германија. За тие пари тој се согласил да му ги продаде маркетиншките права на инвестициското друштво ЦВЦ, односно да постапи онака како што тоа од него го барал Еклстон.

Обвинителството бараше затворска казна од десет ипол години. Одбраната аргументираше дека Грибковски бил „заведен“ од Еклстон. Судот на поранешниот топ-менаџер му вети максимална затворска казна од девет години доколку ја признае вината. Грибковски во својот завршен збор искажа каење: „Денеска радо би го вратил времето, но тоа не е можно“, рече тој.