1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Високи цели - ситни чекори

Марк Кох/ Александра Трајковска28 јануари 2013

Во Чиле заврши самитот на ЕУ и Латинска Америка. Средбата се очекуваше со нетрпение и германската канцеларка Ангела Меркел допатува со голема надеж. Но високата цел не беше постигната.

https://p.dw.com/p/17Sbp
Фотографија: Reuters

„Apuntando alto“ односно да се постигнат високи цели, беше мотото на самитот. Средбата на 60 шефови на држави или влади на ЕУ, Латинска Америка и Карибите меѓутоа не беше полн погодок. Имено големата цел на Европејците, по долгогодишни преговори конечно да се потпише договор за слободна трговија со јужно-американскиот сојуз на држави не беше постигната. Иако поединечни шефови на држави, како претседателите на Чиле, Бразил и Колумбија силно се заложија за поголема трговија, претседателката на втората по големина држава во јужно-американскиот сојуз, Аргентина, Кристина де Кирхнер беше непопустлива: „Постојат земји во подем, чија индустрија се развива и постои стабилноста на Европа. Важно е да се осознае оваа асиметрија за да не и’ се нанесе штета на нашата индустрија и пред се’ на нашите народи“, оцени Кирхнер.

Кочничари и поттикнувачи

Во ова неможеше да ја поколеба ниту германската канцелакра Ангела Меркел. „Многу сме загрижени поради одредени протекционистички тенденции во одредени земји“, изјави канцеларката на маргините на средбата и дополни на кого се однесува оваа изјава, наведувајќи дека за темата ќе разговара со претседателката на Аргентина. Меѓутоа Кристина Кирхнер го одбрани аргентинскиот протекционизам и застана на кочницата: По долгите преговори условите се променија и за тоа треба да разговара сојузот на држави на Латинска Америка. Најрано на крајот на годинава овој сојуз ќе им достави на Европејците нов предлог.

Angela Merkel mit Enrique Pena Nieto und Sebastian Pinera in Chile
Канцеларката Меркел на самитот во ЧилеФотографија: Getty Images

Задоволни домаќини, задоволни гости

Европејците сепак може задоволни да се вратат дома: во завршната декларација постои залагање за сигурност и правна сигурност за европските инвестиции. Имено пред самитот поддржавувањето на одредени концерни во Боливија и Аргенитина предизвика големи иритации. Според канцелакрката Ангела Меркел, Европа сега треба да побрза и да го оддржи чекорот во конкурентноста. Тоа значи да се развиваат добри производи, но и да се намалат долговите.

Рај за инвестиции меѓутоа Латинска Америка не треба да стане. Сојузот на државите на Латинска Америка сака да соработува со Европејците, но притоа да бидат задоволени интересите на двете страни. Еден латинско - американски Тинк Тенк веќе прави планови, како инвестициите од Европа да не носат само предности на финансиски план, туку и да послужат за натамошен развој на цивилното општество. Наредната средба на двата сојузи е планирана за две години во Брисел.