1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вистински контакти се предуслов за успех

Верица Спасовска15 април 2008

Вториот ден од посетата на Сојузниот претседател Хорст Келер на Хрватска посветен на економски теми. Германско-хрватските економски врски се повеќестрани. Хрватска се нуди како посредник за германски бизнис во регионот.

https://p.dw.com/p/DiPz
Хорст Келер - од настапот во ЗагребФотографија: DW / Marija Kundek

Германците се на чело меѓу странските туристи во Хрватска, германските претпријатија се на второ место кај директните странски инвестиции во таа земја. Оттука, разбирливо е што Сојузниот претседател Келер е придружуван од голема делегација на германски стопанственици од енергетиката, туризмот и финансиската област. Во разговорите со хрватската влада тие јасно укажаа каде е можна оптимализација во соработката.

Хорст Келер, кој го отвори економскиот форум во Хрватската трговска комора, се послужи со хрватска поговорка: „Соколот лета со пердувите, а не со месото‘ - со искуството што стои зад оваа поговорка, веќе се здобија и многумина претприемачи: за една идеја да донесе успех се потребни не само добри продукти, туку и вистински контакти и неопходното познавање на пазарите“.


Хрватска - партнер од доверба за контакти во регионот


Германско-хрватски стопански контакти има пред се’ на ниво на мали и средни претпријатија, но во Хрватска е присутен и најголемиот германски инвеститор Телеком, кој поседува 65 проценти од хрватскиот Телеком.

Хрватска, пак, сака не само натамошен развој на стопанските односи со Германија, туку се сфаќа себе си и како добро упатен посредник за германски бизниси во целиот регион, нагласи претседателот на Хрватската стопанска комора Надан Видошевиќ: „Не не гледајте само како пазар, ние сме мал пазар, оти нашиот бруто-социјален производ изнесува само 10 илјади евра по глава на жител. Но, ние сме партнер од доверба за контакти во регионот. Во изминатите години работевме за да се отвори целиот пазар на југоисточна Европа“.

►◄