1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Витлеем е повторно полн

25 декември 2010

Родното место на Исус, Витлеем, се чини полека се опоравува од депримирачките години на Интифадата.

https://p.dw.com/p/zoGF
Фотографија: AP

Годинава за Божик центарот на Витлеем е украсен, а од продавниците за сувенири се слушаат звуците на „Тивка ноќ“. Првпат по септември 2000 година, кога почна второто палестинско востание, сите хотели во Витлеем се повторно целосно полни.

Бројот на посетители на Витлеем, според податоците на министерството за туризам, годинава изнесува околу два милиони, или речиси исто толку како во времето пред Интифадата. Христијанските аџии доаѓаат без оглед на ѕидот висок девет метри кој се протега во градот и без оглед на воените гранични контролни станици, на кои се чека долго.

Touristen in Betlehem
Градот треба повторно да се направи поатрактивен за посетителите од Западниот брег, но пред се‘ од странствоФотографија: AP

Атрактивен за сите

Градот треба повторно да се направи поатрактивен за посетителите од Западниот брег, но пред се‘ од странство. И покрај лошите услови и неизвесната иднина, палестинските автономни власти, со меѓународна поддршка, веќе сега инвестираат големи износи во Витлеем. Црквата на Христовото раѓање треба да се реставрира. „Потребен е итно нов покрив“, вели младата министерка за туризам Колоуд Даибес, која веќе не се фокусира само на аџиите.

Витлеем треба да стане атрактивен и за т.н. „политички туристи“, кои се‘ повеќе и токму поради тешката состојба доаѓаат во посета на градот. Мотото на овогодинашниот Божик би требало да го опфати двете групи. Тоа гласи: „Да се молиме за слободата на Палестина“. 2011 година би требало да биде година на мир. Туризмот, инаку, е една од малкуте бранши во кои Израелците и Палестинците разговараат во доволна мера едни со други.

Автор: ЕМФ/ АТ/ епд/ дапд

Редактор: Александра Трајковска