1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата на Груевски доби доверба

8 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/ApGO

Македонскиот парламент доцна синоќа и изгласа доверба на владата на премиерот Никола Груевски. За довербата гласаа 65 пратеници, против се изјаснија 43. Премиерот Никола Груевски воочи гласањето изјави дека барањето на СДСМ било легитимен и демократски потег. Тој порача дека ќе продолжи да работи на остварување на ветувањата. Претходно лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска изјави дека интерпелацијата не била поднесена за да се урне владата, туку да се покаже дека паѓа нејзината политика.