1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата на Косово нема да дозволи блокади

13 јануари 2012

Најавената блокада на премините кон Србија е вперена кон владата на Косово која не ги спроведува одлуките на Собранието и против државата Србија која не го признава Косово, велат во движењето „Самоопределување“.

https://p.dw.com/p/13j6Y
Лидерот на движењето „Самоопределување“ Арбин Куртин пред кордон полицијаФотографија: picture-alliance/dpa

Опозиционото движење „Самоопределување“ за 14 јануари најави блокада на премините Мердаре и Бела Земља кон Србија, затоа што владата не ги остварувала заклучоците на Собранието на Косово за реципрочни мерки кон Србија. Претставникот на движењето „Самоопределување“ Шпенд Ахмети за ДВ вели дека очекува голем одзив на граѓаните и дека е планиран мирен протест.

„Со телата ќе ги блокираме тие гранични премини до исполнување на условите, а тоа е до целосно спроведување на одлуката на Собранието на Косово. Додека нема целосен реципроцитет, ќе се обидуваме да ја спроведеме таа акција“, изјави Ахмети.

Блоката не е насочена кон граѓаните

Ахмети напоменува дека движењето „Самоопределување“ влегло во институциите за да не се бори за своите ставови на улица, меѓутоа е приморано на вонинституционално делување поради однесувањето на Владата на Косово.

Anti-serbische Proteste in Pristina VETEVENDOSJE 2
Протести на „Самоопределување“Фотографија: picture-alliance / dpa

„Тоа е последниот чекор кој ни остана, ние како граѓни на оваа Република да излеземе и самите да ја спроведме одлуката на Собранието. Сакам уште да кажам дека оваа акција не е вперена против српските граѓани, туку против Република Србија која го дискриминира Косово во секоја смисла и се’ уште мисли дека Косово е дел од Србија“, уверува Ахмети.

Граѓаните на Приштина имаат поделени ставови за најавените блокади на „Самоопределување“

„Блокадата е на место. Целосно ја поддржуваме. Ќе излеземе, па и да умреме таму. Србите можат да влезат кога сакаат, а ние не можеме“.

„Лично мислам дека тоа не е добар став. Движењето ’Самоопределување’ треба да се органзиира поинаку за да ја реализира својата програма, не на овој начин да го уништува она што е создадено. Тоа не е добро однесување“.

„Тоа се однесува на одбрана на она што помина во Парламентот, значи целта е да покажат дека Собранието е над Владата. Во однос на меѓународната заедница во политички контекст можеби нема да биде позитивно, веќе видовме коментари од Брисел, но сепак станува збор за одлука на Собранието која треба да се брани“.

„Според мене, тоа не е добро размислување, оти слободата на движењето мора да постои секаде“.

Полицијата ќе интервенира ако биде потребно

Заменикот на косовскиот премиер и министер за трговија и индустрија Мимоза Кусари Лила за Дојче веле истакнува дека Владата нема да дозволи до дојде до блокада на премините кон Србија. Кусари Лила смета дека таква блокада би значела не само блокада на движењето на луѓе и стока со Србија туку и блокада на транспортот кон земјите на ЕУ.

Mimoza Kusari Lila
Министерот за трговија и индустрија Мимоза Кусари ЛилаФотографија: DW/Bekim Shehu

„Кога ги воведовме реципрочните мерки во јули мината година една од причините беше што косовските компании немаа премин кон европските пазари преку Србија. Транзитот преку Србија ни е особено важен, транзитот на луѓе и стоки. Владата на Косово неколкупати апелираше до граѓните на Косово да не бидат дел од оваа блокада оти тоа не е патот кој сега му е потребен на Косово, потребна е интеграција“, објаснува министерката.

Мимоза Кусари Лила напоменува дека косовската влада ќе ги употреби сите законски средства за да не се повторат случувањата од северот на Косово „Патиштата не можат да останат блокирани, треба да се интервенира, но се надеваме дека нема да треба полицијата да интервенира и да ги отвора патиштата, туку дека ќе преовлада разумот и дека луѓето ќе сфатат дека тој начин не е најдобриот начин да се решаваат економските и политичките проблеми со Србија“, вели заменикот на косовскиот премиер Мимоза Кусари Лила.

Автор: Зулфија Јакупи/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски